Со 407 гласа „За“ и 19 „Против“, американскиот Конгрес изгласа поригорозни мерки за влез во САД, на странски државјани од 38 земји, кои досега можеа да ја посетат земјата без виза.
-
Свет 09.12.2015 11:25
-
Свет 08.12.2015 16:44
Енормно загадување во Пекинг, прогласен црвен аларм
Поради енормното загадување, прогласени се највисоко ниво на тревога и црвен аларм во Пекинг. Училиштата се затворени, а забранети се и сите работи на отворено. Владата го ограничи движењето на автомобилите, на приватните возила им е забранет пристап во престолнината.
-
Свет 08.12.2015 13:50
Економијата- главна тема на изборната трка во САД
Претседателските кандидати треба да се фокусираат на зголемување на стандардот на сиромашните и средната класа Американци, оценуваат експерти, поранешни советници за економија во Белата куќа. Според нив, ова може да се постигне со повеќе работни места и зголемување на платите.
-
Свет 08.12.2015 10:57
Во Србија влегле над 600.000 имигранти
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави во Сараево на министерскиот форум „ЕУ-Западен Балкан“, дека во Србија од почетокот на годината влегле над 600.000 имигранти од 107 земји.
-
Свет 07.12.2015 15:58
Скандал во Србија: Министерот за одбрана ќе биде сменет поради недолична изјава
Скандалозната изјава на министерот за одбрана Братислав Гашиќ ќе го чини министерско место.
-
Свет 07.12.2015 15:48
Француската крајна десница со најмногу гласови на регионалните избори
Најдобри резултати покажале претседателката на Националниот Фронт, европратеничката Марин Ле Пен и нејзината внука Марион Марешал Ле Пен, која е пратеник во француското Национално собрание (Долниот дом на Парламентот).
-
Свет 07.12.2015 14:25
Екстремна загаденост во Пекинг
Прогласен црвен метео аларм во Пекинг поради загаденост на воздухот.
Властите предупредија дека од утре до четврток воздухот ќе биде екстремно загаден, при што ќе бидат забранети сите активности на отворено, училиштата ќе бидат затворени.
-
Свет 07.12.2015 13:54
Оставка на премиерката на Летонија поради лошите резултати на Владата
Премиерката на Летонија, Лаимдота Страујума најавила оставка поради лошите резултати на Владата во Рига.
Лаимдота Страујума најави оставка по состанокот со шефот на државата Рајмондс Вејонис, кој оценил дека владата не работи добро.
-
Свет 07.12.2015 13:52
НАТО ја исклучи можноста за праќање копнени сили во борба против ИД
НАТО ја исклучи можноста за праќање копнени сили во борбата против Исламската држава во Сирија.
-
Свет 07.12.2015 11:28
Опозициската коалиција победи на изборите во Венецуела
Опозициската коалиција за демократско единство победи на парламентарните избори во Венецуела, соопшти Државната изборна комисија. Во парламент опозицијата ќе има 99 места, а единствената Социјалистичка партија на Венецуела - 46 места.










