Групата „Анонимуси“ го хакирала сајтот на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на револт поради владините планови за лов на китови.
Шефот на кабинетот ја потврди информацијата и соопшти дека истрагата е во тек.
Групата „Анонимуси“ го хакирала сајтот на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на револт поради владините планови за лов на китови.
Шефот на кабинетот ја потврди информацијата и соопшти дека истрагата е во тек.
Американската разузнавачка агенција ЦИА, ја предупреди Анкара дека бомбаши самоубијци од Исламска држава и тројца палестинци кои биле дел од тимот коj го урна рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров, подготвуваат напади на руски туристи во Турција.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во работна посета на Албанија, каде ќе оствари средба со претседателот Бујар Нишани и со министерот за надворешни работи Дитмир Бушати.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг- Ун соопшти дека неговата земја поседува водородна бомба. Успеавме да станема голема нуклеарна сила, која е способна да ги заштити независноста и националното достоинство- изјави Ким при посета на модернизирана фабрика за оружје во Пјонгјанг.
Магазинот „Тајм“ објави дека германската канцеларка Ангела Меркел, „жената која ја менаџираше должничка криза и предизвика многу контроверзи со отворање на границите на Германија за бегалците“, е избрана за личност на годината.
Турските власти со контра мерки против официјална Москва. Воведоа нови правила за издавање дозволи за руските новинари на турска територија.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев рекол дека соборувањето на рускиот воен авион Су-24 од страна на турските воздушни сили бил доволна причина за војна, но Москва решила да не примени симетричен одговор.
Откако за прв пат Русија изведе напади на позициите на Исламската држава во Сирија од подморницата „Ростов на Дон“ стационирана во Медитеранот, Путин изрази надеж дека нема ќе има потреба од користење нуклеарно оружје.
Полицијата го идентификуваше и третиот напаѓач, кој учествуваше во терористичките напади минатиот месец во концертната сала „Батаклан“.
Извор од полицијата изјави дека станува збор за 23-годишен маж од Стразбур, Фуед Мохамед Агад.
14- мина загинати, меѓу нив деветмина талибанци е билансот од вчерашниот инцидент на аеродромот во градот Кандахар, откако група талибанци се обидоа да го заземат аеродромскиот комплекс.