Постои можност околу 350 новороденчиња да се заразени од туберкулоза во една болница во Калифорнија, бидејќи е откриено дека еден вработен во здравствената установа боледувал од оваа болест.
-
Свет 14.12.2015 10:10
-
Свет 14.12.2015 10:00
Избори во Франција: Попречен патот на крајната десница
Републиканскиот фронт се испречи напатот на Националниот фронт – крајната десница, мобилизацијата на француските гласачи ( над 58,50%) доведе до победа на умерените политички партии – социјалистите и републиакнците.
-
Свет 11.12.2015 17:43
Клинтон: Трамп е опасен
Доналд Трамп веќе не е смешен, туку опасен, изјави неговата ривалка од демократите Хилари Клинтон по неговиот повик да им се забрани влез на муслиманите во САД.
Клинтон го обвини кандидатот за Републиканска номинација за претседателските избори дека тргува со „предрасуди и параноја“.
-
Свет 11.12.2015 14:46
Сирија: 60 жртви во напад на Христијански центар
60 луѓе загинале, а 80 се ранети во експлозии на три бомби поставени на автомобили во градот Тел Тамер во кој живеат асирски христијани.
-
Свет 11.12.2015 14:18
ФБИ: ИД изработува автентични сириски пасоши
Џихадистите на Исламска држава заплениле барем една софистицирана машина за изработка на автенчини сириски пасоши и многу празни примероци, предупреди директорот на ФБИ, Џејмс Коми.
Фалсификуваните пасоши на џихадистите им овозможуваат да ги преминат границите како бегалци од Сирија.
-
Свет 11.12.2015 13:59
Одложено донесувањето на договорот за климата
Претставувањето на конечниот нацрт-договор на Конференцијата на Обединетите Нации за климата, што се одржува во Париз, се одложува за утре.
-
Свет 11.12.2015 11:56
Војската на САД убила 350 припадници на Исламска држава
Американската војска соопштила дека во воздушните напади во последната недела убила околу 350 припадници на Исламска држава во ирачкиот град Рамади.
Портпаролот на Пентагон додаде и дека претходно бил убиен и министерот за финансии на Исламска држава и уште двајца лидери.
-
Свет 11.12.2015 11:50
Вашингтон: Да се решат тензиите меѓу Турција и Ирак
Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Бајден разговарал со турскиот премиер Давутоглу за борбата против Исламска држава и за тензиите меѓу Анкара и Багдад.
-
Свет 11.12.2015 10:52
Ријад: Потпишана Декларацијата на сириската опозиција
Исламистичката бунтовничка група Ахрар Ал Шам и покрај тоа што вчера ги напушти преговорите во Ријад, ја потпиша Декларацијата на сириската опозиција.
-
Свет 11.12.2015 09:00
Локализиран голем пожар во фабрика во Москва
Речиси 100 пожарникари успеаја да го изгаснат огнот што избувна во една фабрика во Москва и се прошири на 15.000 метри квадратни, при што зафати петтокатница која се урна.
Пожарникарите успеаја да го локализират пожарот во кој никој не е повреден, јави руската агенција ТАСС.










