Романскиот премиер Виктор Понта поднесе оставка на функцијата. Го предавам мандатот, давам оставка, се надевам дека тоа го бараа луѓето кои вчера протестираа, изјави Понта, по состанокот со коалициската влада.
-
Свет 04.11.2015 13:18
-
Свет 04.11.2015 13:17
Ерупција на вулкан и земјотрес во Индонезија
Вулканот Маунт Рињани на индонезискиот остров Ломбок исфрлил пепел и камења во височина од 3500 метри, а истовремено е почувствуван и силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер, јавува агенцијата Бета повикувајќи се на информациите од Националната агенција за ублажување на катастрофи.
-
Свет 04.11.2015 12:38
Се урна руски товарен авион, најмалку 40 жртви
Нова авионска несреќа. Најмалку 40 патници и членови на екипаж загинаа, откако се урна руски товарен авион „Антонов“ на оддалеченост од речиси километар од аеродромот во Џуба, во Јужен Судан.
-
Свет 04.11.2015 12:27
Турската полиција приведе 15 активисти на ПКК
Голема акција на турската полиција во Истанбул. Приведени се петнаесетина активисти на курдската работничка партија.
Во операцијата учествуваа тимови на дирекцијата за борба против тероризмот, специјалци и полициски хеликоптери, при што е најдено големо количество оружје.
-
Свет 04.11.2015 12:25
Историска средба на претседателите на Тајван и на Кина
В сабота историска средба на претседателите на Тајван и на Кина, Ма Јинг и Кси Џипинг во Сингапур.
-
Свет 04.11.2015 10:21
Прв авионски транспорт на мигрантите од Атина до Луксембург
Прв авионски транспорт на мигрантите од Грција до Луксембург.
-
Свет 03.11.2015 16:15
Меркел: Затворањето на германската граница може да предизвика судири на Балканот
Германската канцеларка Ангела Меркел на синоќешниот партиски собир во Дармштад, изразила сомнеж за страв од судири на Балканот доколку се затворат германските граници.
-
Свет 03.11.2015 12:25
Нападнати позиции на ПКК
Турските воени авиони бомбардирале бази на забранетата Курдска работничка партија во Турција и во Северен Ирак. Притоа биле уништени засолништа, пештери и магацини со оружје на сепаратистичката терористичка организација.
-
Свет 03.11.2015 10:41
„Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и ЕУ за бегалците
Весникот „Катимерини“ пишува дека Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнл“ ги обвинува Грција и Европската Унија за пасивност и недостиг на политичка волја за решавање на бегалската криза.
-
Свет 03.11.2015 10:23
Руската војска ја бомбардираше областа кај Палмира
Руската војска соопшти дека ја бомбардирала областа кај градот Палмира, упориште на Исламска Држава во Сирија. Руските авиони уништиле дефанзивна позиција и противвоздушни системи на Исламска Држава.










