Во Алјаска, самит САД-Русија. Одлучувачки разговори меѓу Трамп и Путин за иднината на Украина. Двајцата лидери прво на тет-е-тет состанок, па разговори на делегациите што бројат по пет члена.
-
Свет 15.08.2025 10:01
-
Свет 15.08.2025 09:09
Ескалација и нови судири на протестите низ Србија
Ескалираат протестите во Србија. Нови судири меѓу про и антивладините демонстранти во Белград. Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растури толпата.
-
Свет 15.08.2025 08:19
Самит САД-Русија, одлучувачки момент за Украина
Самит САД-Русија во Алјаска. Одлучувачки разговори меѓу Трамп и Путин за иднината на Украина. Шефот на Белата куќа оптимист-верува во можноста за постигнување мир. Смета дека рускиот колега би сакал да види договор, во спротивно би се соочил со сериозни последици.
-
Свет 14.08.2025 14:12
Беснеат пожари на стариот континент
Екстремно високите температури ги влошија состојбите со пожарите во Европа. Гори и на Балканот. Во Црна Гора, Ден на жалост по смртта на војникот кој загина при гаснењето пожар додека борбата со огнените стихии во земјата продолжува.
-
Свет 14.08.2025 12:33
Ескалираа протестите во Србија, има повредени
Кулминација на деветмесечните антивладините протести во Србија. Хаос на улиците во Нови Сад и во Белград, откако приврзаниците на претседателот Вучиќ се судрија со демонстрантите.
-
Свет 14.08.2025 10:51
Жители на Алјаска ги напуштија домовите поради предупредување од поплави
Жители на Алјаска ги напуштија своите домови откако националната метеоролошка служба во Џуно издаде предупредување од поплави.
Водата од ледничкото езеро се излеа во реката Менденхол, загрозувајќи ги домовите во областа.
-
Свет 14.08.2025 10:01
Борба со огнените стихии во медитеранските земји
Европа и регионот на удар на климатските промени. Медитеранските земји се борат со огнени стихии. Ден на жалост во Црна Гора за смртта на војникот кој загина при гаснењето пожар додека борбата со огнените стихии во земјата продолжува.
-
Свет 14.08.2025 09:14
Ескалираа деветмесечните антивладини протести во Србија
Ескалираа деветмесечните антивладини протести во Србија. Во Нови Сад дојде до судир меѓу приврзаниците на српската напредна странка и демонстрантите кои ги блокираат улиците. Употребени солзавец топовски истрели и пиротехника. Судири имаше и во Нов Белград.
-
Свет 14.08.2025 08:16
Утре состанок Трамп-Путин во Алјаска
Русија ќе се соочи со страшни последици ако не ја запре војната по утрешниот самит во Алјаска-се закани Трамп. По виртуелната средба со европските лидери и Зеленски, тој вети трилатерален состанок веднаш по самитот, ако разговорот со Путин биде продуктивен.
-
Свет 13.08.2025 13:02
Европа и Балканот на мета на климатските промени, високите температури рушат децениски рекорди
Европа и Балканот на мета на климатските промени, како никогаш досега. Огнена стихија беснее од Португалија, Шпанија, Грција, Турција па се до Албанија, Србија и Црна Гора.










