• Свет 07.08.2025 11:14

    Бројот на жртви во Појасот Газа расте, Нетанјаху вечерва го свикува воениот кабинет на состанок

    Нетанјаху вечерва го свикува воениот кабинет на состанок на кој се очекува да биде одобрен планот за целосна окупација на Газа и продолжување на војната.

  • Свет 07.08.2025 10:51

    Шумските пожари во Франција и натаму вон контрола

    Шумските пожари што беснеат на југот од Франција и натаму се вон контрола. Стотици луѓе се евакуирани додека над 2 илјади пожарникари се борат со огнената стихија

  • Свет 07.08.2025 10:15

    Од денеска стапуваат во сила царините за увоз во САД

    Од денеска, стапија во сила американските царини за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 насто, ставајќи ја на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит на земјата.

  • Свет 07.08.2025 09:41

    Уапсен маж кој планирал атентат врз Орбан

    Во Унгарија е уапсен маж осомничен дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан, соопшти Националното истражно биро. Се обидел преку веб-страница на странски сервер да ангажира платен убиец, нудејќи парична награда. Апсењето е извршено со помош на унгарската антитерористичка служба.

  • Свет 07.08.2025 08:46

    Додик најави референдум за својата функција

    Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави референдум за својата функција откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Шмит.

  • Свет 07.08.2025 08:15

    Трамп најави можна средба со Путин

    Американскиот претседател Трамп изјави дека постои голема веројатност да се сретне со Путин и Зеленски, по како што ги оцени, многу добрите разговори на неговиот претставник Виткоф и шефот на Кремљ во Москва.

  • Свет 06.08.2025 20:04

    Одземен претседателскиот мандат Милорад Додик

    Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница.

    Додик има право на жалба пред новите избори кои се очекува да бидат распишани во рок од 90 дена.

  • Свет 06.08.2025 19:31

    80 години од атомската бомба кај Хирошима

    Темниот звук на ѕвоното во меморијалниот центар во Хирошима го потсети светот на најцрните сенки во историјата на човештвото. Одбележани 80 години откако „малото момче“ го здроби милионскиот јапонски град, покажувајќи ја разорната моќ на атомската бомба.

  • Свет 06.08.2025 17:33

    Огнена стихија во Филипините зафатила 1.500 домови

    Голем пожар избувна во станбена област во главниот град на Филипините, Манила. Огнената стихија зафатила илјада и 500 домови, предизвикувајќи огромна штета и густ црн чад над населената област. Сè уште нема информации за евентуални повредени и жртви.

  • Свет 06.08.2025 15:07

    Едно лице загина во пожар во Франција

    Едно лице загина, деветмина се повредени во пожар во департманот Од во јужна Франција во една од најголемите огнени стихии регистрирани летово во земјата. Локалните власти соопштија дека огнот се шири многу брзо и досега зафатил над 12 илјади хектари.

Pages