Припадници на Исламска држава се кријат во џамии и ги користат локалните жители како жив штит знаејќи дека руските борбени авиони нема да пукаат врз цивилни области.
-
Свет 07.10.2015 09:57
-
Свет 06.10.2015 14:50
Обид за атентат на јеменскиот премиер Бахах
Најмалку 15 војници, припадници на коалициските сили во Јемен што ги предводи Саудиска Арабија загинале за време на гранатирањето на хотелот Ал Каср рано изутрината во јеменскиот град Аден.
-
Свет 06.10.2015 14:21
8 милиони возила на Фолксваген во ЕУ имаат манипулирачки софтвер
Осум милиони возила на Фолксваген во Европската унија имаат манипулирачки софтвер- тврдат извори за пишаните медуими во Германија. За казните и покривање на трошоците, комапнијата објави – резервирани се шест ипол милијради евра од тековниот готовински прилив.
-
Свет 06.10.2015 14:17
Обид за атентат врз премиерот на Јемен
Обид за атентат врз јеменскиот премиер Халед Бахах. Гранатиран хотелот во Aден во кој престојувал владиниот тим. Премиерот и министрите со хеликоптер се дислоцирани на безбедна локација, но 18 лица од обезбедувањето им подлегнале на повредите.
-
Свет 06.10.2015 11:32
Копнена офанзива на сириската војска против бунтовниците
Сириската владина војска и нивни сојузници се подготвуваат за копнена офанзива во регионот кој е под под контрола на бунтовниците, а кој воедно е цел на напад и на руските воздухопловни сили.
-
Свет 06.10.2015 10:36
1.800 бегалци спасени во близина на Либискиот брег
Повеќе од 1.800 бегалци се спасени во неколку операции во близина на Либискиот брег во Средоземното Море, соопшти италијанската крајбрежна стража.
Во спасувачките акции учествувале три италијански бродови, како и по еден брод од Британија и Ирска.
-
Свет 06.10.2015 10:24
САД: Единаесетгодишник уби осумгодишно девојче поради кавга за куче
Единаесетгодишно момче е задржано во полиција под сомнение дека ја застрелал неговата осумгодишна сосетка, поради кавга за куче.
Момчето се сомничи за убиство од прв степен. Според полицијата детето убиството го извршило со пушката на неговиот татко.
-
Свет 05.10.2015 17:40
Жестоки напади на руските бомбардери врз цели на ИД
Руските воздухопловни сили извршиле 25 напади во Сирија во последните 24 часа при што биле погодени 9 позиции на Исламска држава во Хомс, соопштија руски претставници.
-
Свет 05.10.2015 16:14
Тројца добитници на Нобелова награда за медицина
Нобеловата награда за медицина за оваа година добиле тројца експерти, Вилијем Кембел и Сатоши Омура наградени се за заедничкиот труд на откритијата за терапија против инфекција предизвикана од црви паразити, додека пак Јују Ту е наградена за откритија во областа на маларијата, пренесува Ројтерс.
-
Свет 05.10.2015 15:17
Од почетокот на годината во Европа илегално влегле 630.000 лица
Од почетокот на годината, приближно 630.000 лица илегално влегле во Европа, изјавил шефот на Европската агенција за надзор на границите „Фронтекс“, Фабрик Легери, во интервју за Француската новинска агенција „Ебра“.










