Бројот на бегалците кои минале преку грчкиот остров Лезбос е три пати поголем од локалното население, соопшти грчката полиција. Од почетокот на годинава преку островот минале 186 илјади 720 мигранти.
-
Свет 01.10.2015 13:31
-
Свет 01.10.2015 13:26
Средба за бегалската криза по иницијатива на Могерини
По иницијатива на европретставничката за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, следната недела во Луксембург ќе биде одржана средба за бегалската криза на која ќе присуствуваат министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите од Западен Балкан.
-
Свет 01.10.2015 13:18
Сирија- главна тема на средбата меѓу Кери и Лавров
Жестоките напади на руските воздухоловни сили врз цели на Исламска држава ја зголемија тензијата на релација Москва- Вашингтон.
-
Свет 01.10.2015 12:08
Авганистан ја врати контролата врз Кундуз
Авганистанските владини сили ја вратија контролата врз градот Кундуз, во офанзива која била изведена во раните утрински часови, изјавија претставници на Авганистанските власти.
-
Свет 01.10.2015 10:01
САД ќе ги поддржат руските операции, но само против ИД и Ал Каеда
САД се подготвени да ги поздрават руските операции во Сирија доколку тие се фокусирани само на цели на Исламска Држава и групи поврзани со Ал Каеда, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на Советот за безбедност во Обединетите нации.
-
Свет 30.09.2015 14:51
Авганистан: Контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз
Специјалните сили на НАТО пристигнаа во Кундуз како поддршка на авганистанската војска во контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз. Во изминатите 24 часа градот беше цел на американски воздушен напад, за да се елиминира заканата против коалициските и авганистанските сили.
-
Свет 30.09.2015 11:00
Италија: Уапсени 48 членови на мафијата Ндрангета
Италијанската полиција уапси 48 членови на мафијата Ндрангета на југот на земјата. Незаконски продавале цвеќе, украдена чоколада, дрога и оружје. Во Болоња, карабињерите уништија џунгла од марихуана скриена на приватна фарма – 200 стебла, со вредност од околу 400.000 евра.
-
Свет 30.09.2015 10:57
Москва го зголемува военото присуство во близина на Сирија
По снимките на руските борбени авиони на сириските аеродроми, на пат низ Босфорот кон Сирија е забележан конвој руски бродови, како знак дека Москва го засилува военото присуство во близина на оваа земја.
-
Свет 30.09.2015 10:54
Јапонија ќе додели 1,6 милијарди долари помош за бегалците од Сирија и Ирак
Јапонија годинава ќе додели околу 1,6 милијарди долари помош за бегалците од Сирија и од Ирак и за враќање на мирот во воените зони на Блискиот Исток и во Африка. Јапонскиот премиер Шинзо Абе сепак отфрли каква било можност да прифати бегалци од воените подрачја.
-
Свет 29.09.2015 17:14
Разликите во ставовите на Путин и Обама остануваат
По состанокот само рускиот претседател Владимир Путин даде изјава, оставајќи му простор на својот америакански колега тој да ги изнесе своите впечатоци.









