Претседателката на Бразил, Дилма Русеф ја обвини опозиција, дека сака да дојде на власт преку државен удар.
-
Свет 14.10.2015 11:07
-
Свет 14.10.2015 11:04
ИД се закани дека ќе ја порази Русија
Со видео порака објавена на сајтот на Исламска држава, џихадистите се заканија дека ќе ја поразат Русија, која еден месец интензивно ги напаѓа нивните упоришта.
Потпаролот на ИД, Ал Аднани ги повика сите муслимани да почнат Џихад против Русија и Америка.
-
Свет 13.10.2015 14:57
Расте тензијата во Израел
Тројца загинати и голем број ранети во најновиот бран насилства. Двајца напаѓачи отвориле оган и нападнале со нож патници во автобус во Ерусалим - убиле двајца и раниле уште 16-мина.
-
Свет 13.10.2015 13:11
Холандските истражители ќе го објават конечниот извештај за малезискиот авион
Холандските истражители треба да го објават конечниот извештај за трагедијата на малезискиот авион на летот МХ-17. Лани во јули беше соборен среде руско-украинскиот конфликт во источна Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.
-
Свет 13.10.2015 11:56
Голема експлозија во кинескиот град Тијанцин
Нова голема експлозија во кинескиот град Тијанцин, само два месеци по несреќата кога во детонација на хемикалии загинаа 165 луѓе. Повторно експлодираше складиште за алкохол и други супстанци, по што избувнал пожар.
-
Свет 13.10.2015 11:34
„Дел“ ја направи наjголемата технолошка зделка на сите времиња
„Дел“, третиот по големина производител на персонални компјутери, ја купи компанијата за чување податоци „ЕМЦ“ за 67 милијарди долари, со што ја направи најголемата технолошка зделка на сите времиња.
-
Свет 13.10.2015 11:30
Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор
Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор со шесте светски сили. Сепак, пратениците инсистираа меѓународните инспектори да имаат само ограничен пристап до воените локации.
-
Свет 13.10.2015 11:22
Косовскиот опозиционер Курти пуштен од притвор
Косовскиот опозициски пратеник Албин Курти е пуштен од притвор. Беше уапсен поради инцидентот кога отвори солзавец во парламентот во протест против договорот со Србија. Во текот на ноќта демонстранти со молотови коктели ја кренаа на нозе Приштина, барајќи негово ослободување.
-
Свет 12.10.2015 16:54
Упасени двајца мажи осомничени за нападот во Анкара
Двајца мажи, припадници на Исламска држава ги извршиле самоубиствените бомбашки напади во близина на железничката станица во Анкара. Премиерот Давутоглу во интервју за Турската телевизија изјави дека главна цел на нападот било да се влијае на парламентарните избори закажани за 1-ви ноември.
-
Свет 12.10.2015 14:07
ИД е главен осомничен за нападите во Анкара
Двајца мажи, припадници на Исламска држава ги извршиле самоубиствените бомбашки напади во близина на железничката станица во Анкара.










