• Свет 08.07.2015 13:09

    Ципрас во ЕП: Сакаме компромис за да се избегне расцепот во ЕУ

    Само неколку часови по неуспешниот самит во Брисел,  грчкиот премиер Алексис Ципрас, доаѓањето во Стразбур го искористи за да им се обрати на европратениците, поделени како никогаш досега во однос на Грција, што посебно дојде до израз во дебатата.

  • Свет 08.07.2015 12:16

    Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница

    Српскиот премиер Александар Вучиќ ќе ја претставува Србија во Сребреница на 11-ти јули, реши едногласно владата во Белград на вчерашната вонредна седница. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска расправа за нацрт-резолуција, по повод 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

  • Свет 08.07.2015 11:47

    Убиен еден од лидерите на ИДИЛ

    Во воздушните напади во Авганистан е убиен еден од лидерите на Исламска држава, соопшти претставник на Националната управа за безбедност. Воедно додаде дека во нападите се убиени и шестмина други  екстремисти.

  • Свет 08.07.2015 11:01

    Силни безбедносни мерки за посетата на Меркел на Тирана

    Германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува балканската турнеја со посета на Албанија. Тирана е под засилени безбедносни мерки, идентични како тие при посетата на папата Франциск лани и на српскиот премиер Вучиќ во мај.

  • Свет 07.07.2015 17:03

    Топлотен бран низ Европа

    Топлотен бран во Европа со температура над 40 степени ги натера властите во неколку држави да издадат предупредување за опасност. Во повеќе области во Хрватска се прогласени црвена и портокалова фаза. Лекарите апелираат граѓаните без потреба да не ги напуштаат домовите.

  • Свет 07.07.2015 16:40

    Одлучувачки ден за Грција по референдумското „НЕ“

    Од Грција се очекува серизен предлог на реформски пакет за излез од кризата- децидни беа сите минстри за фиинасии од државите членки на Еврозоната, пред почетокот на итниот состанок на Еврогрупата.

  • Свет 07.07.2015 13:29

    Вонреден самит: Ципрас и Цакалатос на средба во Брисел

    Новиот министер за финансии на Грција, Цакалотос и премиерот Ципрас денеска во Брисел ќе се обидат да ја задржат земјата во еврозоната. Ципрас на вчерашниот состанок со политичките лидери разговараше за плановите на владата за обезбедување договор со институциите.

  • Свет 07.07.2015 11:36

    Силен земјотрес во Јапонија

    Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточното крајбрежје на Јапонија.

    Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета, и не е издадена тревога за цунами.

  • Свет 07.07.2015 10:48

    Обама: Исламска Држава ќе биде поразена

    Американскиот претседател Обама изјави дека неодамнешните територијални загуби на екстремистите на Исламска држава во Ирак и во Сирија покажуваат дека групата ќе биде поразена.

  • Свет 07.07.2015 10:40

    Ципрас и Цакалатос на средба во Брисел во обид да се вратат на преговарачка маса

    Новиот министер за финансии на Грција, Цакалотос и премиерот Ципрас денеска заминуваат за Брисел, со цел да ја задржат земјата во еврозоната.

Pages