Европа ги замрзна преговорите со Грција. Ќе се чекаат резултатите од референдумот. Ова е пораката на лидерите на државите членки на унијата по вчерашниот конференциски состанок на Еврогрупата кој не ги даде посакуваните резултати.
-
Свет 02.07.2015 17:05
-
Свет 02.07.2015 16:36
Грција: Државниот врв бара народот да гласа против мерките за штедење
Грчкиот народ да се обедини и в недела да гласа со НЕ за барањата на Тројката, за во понеделник грчката влада на преговори да побара подобри услови во интерес на граѓаните.
-
Свет 02.07.2015 16:33
Трагедија кај Филипните: Потона ферибот со 173 патници
Уште една поморска трагедија на полн траект – Ким Нирвана со 173 патници и членови на екипажот, меѓу кои и деца и бремени жени, се преврте во немирни води кај брегот на островот Лејте на Филипините. На видик од брегот се удавија најмалку 36 луѓе.
-
Свет 02.07.2015 14:28
Варуфакис за „Блумберг“: Попрво ќе си ја исечам раката отколку да потпишам нов договор
Доколку на референдумот во недела надвладее ДА, ќе поднесам оставка, изјави грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис во интервју за „Блумберг“.
-
Свет 02.07.2015 13:53
Во Тунис уапсени 12 џихадисти
Туниската полиција денеска соопшти дека уапсила 12 џихадисти, кои се осомничени дека учествувале во нападот врз хотелот со странски туристи и убиваа капачи на плажата во Сус.
-
Свет 02.07.2015 13:47
Потона ферибот во близина на Филипини, најмалку 36 загинати
Потона ферибот со 173 патници во близина на градот Ормок, Филипини. Спасувачките екипи успеале да спасат десетина патници, најдени се 36 тела, но голем број се водат за исчезнати.
-
Свет 02.07.2015 11:19
ОН прогласи хуманитарна катастофа во Јемен
Обединетите нации прогласија хуманитарна катастрофа во Јемен и побараа итна помош за населението.
Според статистиката од почетокот на конфликтот повеќе од 2.800 луѓе загинале 13.000 се повредени, додека милион се раселиле поради влошената безбедносна состојба.
-
Свет 02.07.2015 10:55
САД не планираат да ја напуштат базата Гвантанамо
САД не планираат да ја напуштат воената база Гвантанамо на Куба, соопшти американскиот министер за одбрана Ештон Картер. Изјавата следува само еден ден откако Вашингтон и Хавана соопштија дека ќе отворат амбасади.
-
Свет 01.07.2015 16:26
Грција технички во Банкрот, Еврогрупата на итен состанок
Грција вчера по полноќ го пропусти крајниот рок за исплата на 1,6 милијарди евра од долгот на ММФ, со што технички влезе во банкрот, или како што европските преставници велат од утринава ова е првата европска држава која е заведена во регистарот на држави во долгови, заедно со Судан, Конго, Сома
-
Свет 01.07.2015 16:22
Ципрас ја отвора вратата за компромис
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е поготвен за постигнување на договор, доколку меѓународните кредитори ги прифатат барањата на грчката влада.










