Пет бегалски кампови се планира да се отворат во северна Грција.
-
Свет 26.02.2016 15:31
-
Свет 26.02.2016 12:57
Зголемени мерки за безбедност во Приштина, се избира нов претседател
Со зголемени мерки за безбедност и во напната атмосфера во косовскиот Парламент се избира новиот претседател, петти по ред.
-
Свет 26.02.2016 11:42
ИД нападна џамија во Багдад
Најмалку 15-мина загинаа а повеќе од 50 се повредени при напади на бомбаши самоубијци во џамија во Багдад. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
-
Свет 26.02.2016 11:33
Вооружен инцидент во Канзас, 4 жртви
Четири лица загинаа, а 14-мина се повредени во вооружен инцидент во Канзас. Полицијата соопшти дека 38- годишниот Лари Форд од автомобил во движење пукал во работници во фабрика за косилици.
-
Свет 26.02.2016 11:06
Парламетнарни избори во Иран
Избори во Иран. 50 милиони жители ќе гласаат на парламентарните избори кои што се тест за јавното мислење по постигнувањето договор за нуклеарната програма и укинувањето на меѓународните санкции.
-
Свет 26.02.2016 10:35
Во косовскиот парламент гласање за избор на претседател
Во парламентот гласање за избор на нов претседател на Косово. Во трка се лидерот на Демократската партија и актуелен вицепремиер Хашим Тачи и сопартиецот Рафет Рама.
-
Свет 25.02.2016 17:11
Грција го повика амбасадорот од Австрија на консултанции
Атина го повика амбасадорот од Виена откако Грција не беше повикана на состанокот на западно- балканската рута посветен на бегалската криза што вчера се одржа во Австрија.
-
Свет 25.02.2016 14:46
Несреќа во руски рудник, под земја заробени 90 рудари
Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации.
Евакуацијата е во тек. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.
-
Свет 25.02.2016 13:53
Косово утре избира претседател
Косово утре избира нов шеф на државата. Претседателот на парламентот закажа седница на која ќе се гласа за новиот претседател. За да биде избран кандидатот треба да добие поддршка од најмалку две третини од пратениците, или 80 од 120-те членови на парламентот.
-
Свет 25.02.2016 13:08
Можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул
Турската полиција предупреди за можни терористички напади на автобуски станици во Истанбул. Во соопштението, испратено до повеќе државни институции се посочува дека главна цел на нападите би можеле да бидат местата на кои има поголем број луѓе.










