Штрајкови во Грција. По адвокатите, лекарите и морнарите, денеска во 24-часовен штрајк стапија и новинарите.
Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.
Штрајкови во Грција. По адвокатите, лекарите и морнарите, денеска во 24-часовен штрајк стапија и новинарите.
Медиумите нема да објавуваат вести, а весниците нема да се печатат.
Светската здравствена организација во Женева ќе одржи информативна средба за преземање превентивни мерки и заштита од вирусот Зика.
Американските научници сметаат дека вирусот може да преизвика пандемија и ја повикаа организацијата да преземе итни мерки.
Германската влада усвои нацрт- закон со кој ќе се овозможи побрза депортација на странските државјани кои во Германија извршиле кривично дело.
По тридневна расправа, со 42 гласа „за“ и 20 „против“, преживеа владата на Мило Ѓуќановиќ. Црногорскиот парламент доцна синоќа и изгласа доверба.
Милијардерот Доналд Трамп и сенаторот Тед Круз имаат најмногу шанси да ги освојат првите прелиминарни избори за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија во Ајова идниот понеделник.
Најмалку шест лица загинаа утрово при потонување на чамец со имигранти северно од грчкиот остров Кос во Егејското Море, објави атинската телевизија Антена.
Истиот извор наведува дека спасувачките екипи досега пронашле тела на тројца мажи, две жени и едно бебе.
Зика вирусот сее страв во Бразил. Властите ги подигнаа мерките за безбедност и почнаа со едукативни кампањи за превенција од вирусот кој го пренесуваат комарците.
Полицијата во Париз фрлила солзавец на таксистите кои запалиле оган на главниот автопат во градот, кои протестираа, како што велат, против нелојалната конкуренција од услугата „Убер“.
Во очекување на обилни снежи врнежи во реонот на Истанбул, турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми планирани за денеска и за утре.
Најмалку 22 луѓе загинаа во два самоубиствени напади врз пункт контролиран од армијата во сирискиот град Хомс. Инцидентот се случил во квартот Захра, кој во последните месеци често е цел на напади.