Војната на Блискиот исток и Северна Африка, сиромаштијата и климатските промени што го уништуваат земјоделството се причините за поголемиот бран на бегалци во Европа. Европските политичари бараат солидарност и соработка на земјите членки за справување со бегалците.
-
Свет 25.06.2015 10:59
-
Свет 24.06.2015 17:01
Жестоки реакции во Франција по објавата за прислушување на државниот врв
Франсоа Оланд попладнево ќе има телефонски разговор со амерканскиот претедател Барак Обама, при што тој ќе побара од неговиот колега да ги повтори обврските преземени од Вашингтон во 2013 година, повеќе да не ги следи француските власти.
-
Свет 24.06.2015 14:29
Пакистан: 800 жртви од топлотниот бран
Бројот на починати од топлотниот бран што го зафати Пакистан се приближува до 800. По наредба на премиерот, во справувањето со непогодата се вклучија националната служба за вонредни состојби и војската.
-
Свет 24.06.2015 13:36
Оланд: Шпионирањето е неприфатливо
„Шпионирањето на тројца француски претседатели е неприфатливо“ – реагираше шефот на државата Фрабсоа Оланд по наводите на Викиликс дека САД ги следеле неговите и комуникациите на Ширак и на Саркози.
-
Свет 24.06.2015 12:13
ИДИЛ создаде сопствена валута
Џихадистите од Исламска држава наводно почнале да коваат сопствена валута. „Исламскиот динар“, го добил името по традиционалната валута на повеќе арапски земји. Златната монета е во противвредност на 139 американски долари, а сребрената еден.
-
Свет 24.06.2015 12:11
Нови случаи на Ебола во Сиера Леоне
Два нови случаи на Ебола се регистрирани во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, само неколку недели откако беше објавено дека е искоренет вирусот.
Здравствените власти стравуваат од нова епидемија бидејќи заразените се забележани во густо населени предградија.
-
Свет 24.06.2015 10:52
Викиликс: САД ги прислушнувале последните тројца француски претседатели
САД ги прислушнувале последните тројца француски претседатели – Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд, пренесоа француските медиуми. Повикувајќи се на податоци од Викиликс, тврдат дека тоа се случувало во периодот од 2006 до 2012 година.
-
Свет 23.06.2015 17:22
Брисел оптимистичен за договор со Грција по последниот предлог на Атина
Во 5 за 12 најава за расплет на финансиската криза во Грција. 12% данок за компаниите со профит над половина милион евра и данок за луксуз за базени, авиони, скапи автомобили и приватни јахти. Остануваат трите стапки на ДДВ од 23, 13 и 6%.
-
Свет 23.06.2015 13:32
Украина: Убиени три цивили во последните 24 часа
Во последните 24 часа се убиени три цивили на територијата на проруските бунтовници на истокот од Украина.
-
Свет 23.06.2015 13:28
Епидемија од колера во Јужен Судан
Минисерството за здравство на Јужен Судан соопшти дека најмалку 18 луѓе починале од колера и прогласија епидемија на оваа високозаразна болест.










