Драмата со двајцата киднапирани службеници од српската амбасада во Либија продолжува. Странските агенции ја пренесоа изјавата на властите од градот Сабрата, каде е извршено киднапирањето, дека тие според телефонските апарати се лоцирани и дека не ги минале пунктовите надвор од градот.
-
Свет 09.11.2015 14:42
-
Свет 09.11.2015 13:39
До 2030-та бројот на сиромашни ќе се зголеми за 100 милиони
Доколку не се променат климатските услови, до 2030 година, бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија ќе се зголеми за 100 милиони, предупредува Светска банка.
Со климатските промени се погодени најсиромашните делови на светот- Субсахарска Африка и јужна Азија.
-
Свет 09.11.2015 13:19
Поради штрајкот на Луфтханза одложени 929 летови
Денеска се одложени 929 летови на Луфтханза поради продолжување на штрајкот на кабинетскиот персонал. Приближно стотина илјади патници ќе останат без соодветен превоз.
-
Свет 09.11.2015 11:14
Киднапирани двајца вработени во српската амбасада во Либија
Двајца службеници, од кои една жена беа киднапирани од Амбасадата на Србија во Либија. Според Белград, двајцата киднапирани се Слаѓана Станковиќ, одговорна за комуникации и нејзиниот возач Јовица Степич.
-
Свет 09.11.2015 10:28
ХДЗ тесно победи на изборите во Хрватска
„Tатковинската коалиција“, предводена од хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 пратенички места по 99 насто преброени гласови е победник на парламентарните избори во Хрватска што се одржаа вчера.
-
Свет 06.11.2015 13:51
Шарм Ел Шеик: Британските туристи организирано си заминуваат
Од денеска британските авиокомпании ќе почнат организирано да ги враќаат британските туристи кои се на одмор во египетскиот туристички центар Шарм Ел Шеик, соопштија од Даунинг стрит 10. Во транспортирањето на туристите учествуваат авиони на „Бритиш ервејз“ и „Изи џет“.
-
Свет 06.11.2015 13:42
Расте бројот на загинати по уривањето на браната во Бразил
Расте бројот на загинати откако се урна брана во бразилската држава Минас Геријас. Според последните податоци, загинале седумнаесет лица, а педесетина се исчезнати.
-
Свет 06.11.2015 13:38
Турција: Апсења пред самитот Г20
Турската полиција во Анталија во очи на самитот Г20 што ќе се одржи следната недела, приведе 20 лица за кои се сомнева дека имаат врска со Исламска држава, јавува турската новинска агенција „Доган“.
-
Свет 06.11.2015 11:39
Судири меѓу полицијата и демонстранти во Лондон
Едно полициско возило е запалено, а десетина луѓе се повредени во насилството што избувна во лондон во текот на синоќешните анти-капиталистички протести против „нееднаквоста на луѓето“.
-
Свет 06.11.2015 10:23
САД: Имиграцијата- главна тема во изборната трка
Бројот на илегални имигранти во Соединетите Американски Држави се намалува, соопшти секретарот на „Хоумленд Секјурити“, Џех Џонсон на петтата годишна конференција посветена на имиграцијата во Вашингтон.










