• Свет 30.11.2014 17:39

    Референдум на три прашања во Швајцарија

    Швајцарците гласаат. На референдумот кој е составен од три прашања, граѓаните треба да се изјаснат за воведување построги закони за имиграцијата, за задолжително чување на државните златни резерви и за укинување на даночните олеснувања за странци. 
     
  • Свет 30.11.2014 17:35

    Неизвесни избори во Молдавија

    Граѓаните на Молдавија денеска одлучуваат меѓу Истокот и Западот кој пат ќе го фатат.  3, 2 милиони гласачи ги избираат идните претставници во парламентот. Аналитичарите велат дека победата е неизвесна и дека постои голема борба  меѓу проевропските и проруските партии.
  • Свет 29.11.2014 18:29

    Рахој: Нема да дозволиме никакви закани по единството на Шпанија

    Шпанскиот премиер Маријано Рахој во посета на Kаталонија, прва по одржувањето на симболичниот референдум за независност на покраината. 
     
  • Свет 29.11.2014 18:14

    Судот во Египет ги отфрли обвиненијата против Мубарак

    Египетскиот суд ги отфрли сите обвиненијата против поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговите најблиски соработници.

    Шефот на државата кој беше насилно соборен од власт во 2011- тата, беше обвинет за злоупотреба на службената положба и масовни убиства за време на демонстрациите.

  • Свет 29.11.2014 14:14

    МРТ во Белата куќа: Почнуваат подготовките за Божиќ

    5,6 метри високата елка од фарма од Пенсилванија со запрежна кола влечена од два коњи пристигна во Белата куќа. Првата дама Мишел Обама со ќерките Малиа и Саша ја пречекаа елката пред северната порта на претседателската резиденција.

  • Свет 28.11.2014 16:37

    Папата Франциско во Турција: Проблемите не може да се решат само со воени средства

    Строгиот Аргентинец, папата Франциско, е првиот почесен гостин во контроверзниот сарај од 1000 соби на турскиот претседател Ердоган.

  • Свет 28.11.2014 16:00

    Од 2018 ЕУ ќе го следи загадувањето од бродовите

    Европската унија го усвои механизмот за мерење и контрола на штетните емисии од бродовите  од 1 јануари 2018 година со намера да се намали загадувањето на воздухот.
    Советот на Европа објави дека договорот е направен меѓу земјите членки на ЕУ и останува уште да биде официјализиран.

  • Свет 28.11.2014 15:44

    Ранетите Курди ќе се лекуваат во чешките бањи

    Шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек при посетата на Ирак, понудил Чешка да прими на лекување и рехабилитација Курди ранети при судирите со џихадистите, како помош во борбата против Исламската држава, пренесува Бета.

  • Свет 28.11.2014 15:10

    Камерон со радикални мерки за намалување на миграцијата

    Меѓу мерките што ги наведе Камерон е и предлогот работните имигранти дури по 4 години работа во Велика Британија да можат да претендираат за разни социјални олеснувања, како што се намалени даноци, детски додатоци или поефтини социјални станови, јавува Би-Би-Си.

  • Свет 28.11.2014 13:50

    Продолжуваат немирите на истокот на Украина

    Две лица загинаа, а три се повредени, меѓу кои и две деца во гранатирање на станбена зграда во Хорливка. Од Министерството за вонредни состојби на самопрогласената Народна Република Доњецк го потврдија инцидентот и соо

Pages