На југот од Чиле проработел вулканот Калбуко исфрлајќи пепел и чад во висина од неколку километри.
Поради тоа властите прогласиле вонредна состојба во загрозената зона и наредиле евакуација на жителите во радиус од 10 километри околу вулканот.
На југот од Чиле проработел вулканот Калбуко исфрлајќи пепел и чад во висина од неколку километри.
Поради тоа властите прогласиле вонредна состојба во загрозената зона и наредиле евакуација на жителите во радиус од 10 километри околу вулканот.
Светската здравствена организација соопшти дека меѓу 19 март и 21 април вкупно 1.080 луѓе загинале во Јемен кадешто коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши нови воздушни удари врз бунтовниците Хути.
Лидерите во Европската унија денеска во Брисел треба да усвојат итни и темелни мерки за спречување на масовниот прилив на илегални имигранти така што, освен со спасување, ќе разбијат и мрежи на организиран криминал.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека најголемиот непријател на Русија во моментот е Исламската Држава, одговарајќи на прашањето кој претставува најголема опасност за земјата, Кина, САД или НАТО.
Паника во кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе, откако беспилотно летало со ознака за радиоактивен материјал, слетало на Владината зграда.
Штрајкот на работниците од јавниот сектор речиси целосно го блокираше Брисел и уште неколку градови во Белгија. Поголемиот број училишта и државни претпријатија се затворени. Претставници на Синдикатот соопштија дека протестите се реакција на Владата да воведе мерки за штедење.
Француската полиција уапси 24-годишен студент, кој се сомничи дека подготвувал напади врз цркви. Момчето и било познато на полицијата поради неговите контакти и чести патувања во Сирија.
Словенечките лекари вработени во јавното здравство одржаа едночасовен штрајк, кој не предизвика поголем застој во здравствените установи, но за 28 мај најавија нов, целодневен штрајк, доколку не се исполант нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.
Велика Британија ќе учествува во потрагата и спасувањето на мигрантите во Медитеранот.
По неколку дена откако го постави светскиот рекорд во брзина, јапонскиот воз што левитира на магнет повторно го сруши постигнатиот резултат со 603 км на час.