• Свет 27.10.2014 10:39

    Џихадистите на ИДИЛ интензивно ја напаѓаат границата со Турција

    Борците на Исламската држава интензивно ја напаѓаат границата со Турција, и не дозволуваат Пешмергите од Ирак да помогнат во одбраната на Кобане, соопшти Сириската служба за човекови права.

  • Свет 27.10.2014 10:35

    Боко Харам киднапира 30 деца во Нигерија

    Ново киднапирање во Нигерија. Речиси 30 деца исчезнале од селото Мафа во текот на викендот. Децата биле на возраст од 11 и 13 години.

    Владата се сомнева дека зад киднапирањето стои радикалната организација Боко Харам.

  • Свет 27.10.2014 10:29

    Про-западните партии со убделива победа на парламентарните избори во Украина

    Според прелиминарните резултати со 22,63 насто од преброените гласови, проевропските партии кои претендираат прекин на судирите со руските сепаратисти и демократски реформи во земјата се во водство на вчерашните избори во Украина.

  • Свет 27.10.2014 08:31

    Дилма Русеф останува претседател на Бразил

    Претседателот на Бразил Дилма Русеф по вториот круг од претседателските избори е реизбрана за втор четиригодишен мандат, објави официјално Врховниот изборен суд. 
     
    Русеф при преброени 99,62 проценти од гласовите добила поддршка од 51,6 проценти од гласачите.
  • Свет 26.10.2014 18:50

    Поради проблеми со срцето Санадер пренесен во болница

    Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер од затворот Реметинец итно е пренесен во болница поради проблеми со срцето. Санадер веќе подолго време не се чувствувал добро и не присуствувал на последното судско рочиште во Загреб.

  • Свет 26.10.2014 17:46

    Снегот ја парализираше Бугарија

    По дождот и поплавите, сега снег ја парализираше Бугарија. Во тешка сообраќајна несреќа загина четиримесечно дете, а неговите родители се во критична состојба. Надојдена река однесе 42-годишна жена, а уште две лица се водат како исчезнати.

  • Свет 26.10.2014 16:58

    Парламентарни избори во Украина - Доњецк и Луганск не гласаат

    Украина гласа за нов парламентарен состав. Во трка се 29 партии за 450 пратенички места. Во Доњецк и Луганск нема да се гласа. Граѓаните очекуваат подобра иднина за својата земја.

  • Свет 25.10.2014 19:08

    Смртоносно оружје повторно во рацете на малолетници

    Американците се по којзнае кој пат изненадени што оружје се најде во рацете на малолетник. Ученикот идентификуван како Џејлен Реј Фрајберг, фудбалска ѕвезда меѓу соучениците, наместо да биде крунисан за крал на училишната забава, си пресуди себеси и на несудената љубов.

  • Свет 25.10.2014 17:03

    Земјотрес и поројни дождови во Грција

    Земјотрес со интензитет од 5,2 степени е регистриран рано изутрината во северна Грција, јави грчката служба за сеизмичката активност. Потресот се случил во 3 часот и 16 минути, а епицентарот му бил на 20 километри од северниот град Арта и на 249 километри североисточно од Атина.

  • Свет 25.10.2014 16:32

    Со напредокот на роботиката до полесен и побезбеден живот

    Со брзиот напредок на роботиката, се чини можностите во иднина се бескрајни. Многу скоро, роботите ќе станат дел од секојдневниот живот на луѓето. Ова ќе го олесни животот на луѓето и ќе придонесе и за поголема безбедност.

Pages