-
Свет 01.03.2015 12:08
Познати првите детали за убиството на Немцов
Истражниот комитет ги изнесе денеска првите верзии за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, кои одат од криминал до политичка провокација, со тоа што тој чин бил добро испланиран. -
Свет 28.02.2015 20:15
Русија- опасност за Велика Британија
Поранешниот шеф на Ми-6, британската разузнавачка служба Џон Сојерс, предупреди дека Русија станала опасност за Велика Британија и побара поголем буџет за сопствената и одбраната на британските сојузници, но апелираше проблемите со Русија да се решаваат со дијалог.
-
Свет 28.02.2015 19:03
Русија: Убиен лидерот на опозициското движење за солидарност
Полицијата го пронајде автомобилот во кој се наоѓале убијците на опозицискиот лидер Борис Немцов во близина на местото каде што била извршена егзекуцијата.
-
Свет 27.02.2015 16:20
Нереди во Атина: Прв протест против владеачката Сириза
Нереди и насилство на првиот протест во Атина против владеачка Сириза. Со молотови коктели и камења кон полицијата, дел од демонстрантите го искажуваа својот револт кон постигнатиот договор за финанасиска помош.
-
Свет 27.02.2015 14:50
Состојбата во Украина тема на средбата меѓу Кери и Лавров во Женева
Средба на шефот на руската дипломатија Лавров и американскиот државен секретар Кери, в понеделник во Женева. Состојбата во Украина ќе биде главна тема на разговорите, соопшти потпаролот на Стејт департментот, Џејн Псаки.
-
Свет 27.02.2015 14:38
Протести во Грција против Владата на Ципрас
Повеќе од 500 демонстранти синоќа излегоа на протести против владата на премиерот Алексис Ципрас. За време на демонстрациите дошло до судир со полицијата, при што биле запалени неколку автомобили и автобуска станица.
-
Свет 26.02.2015 15:34
Објавено е името на ИСИЛ-овиот џелат
Откриен му е идентитетот на маскираниот припадник на терористичката организација ИСИЛ познат како Џихади Џон кој им ги отсекуваше главите на заложниците од западните земји, јавува ББС.
-
Свет 26.02.2015 14:43
Марихуаната легализирана и во Вашингтон
Од ноќеска на полноќ стапи во сила решението во Главниот град на САД Вашингтон да може неказниво да се пуши марихуана. Жителите на престолнината лани во ноември на референдум се изјасниле за ова решение. -
Свет 26.02.2015 14:39
Саудискиот крал владеењето го почнува со дарување пари
Новокрунисаниот саудиски крал Салман бин Абдулазис Ал Сауд на своите државни службеници ,војници, студенти и пензионери ќе им подари 32 милијарди долари. -
Свет 26.02.2015 13:19
Заради беспилотни летала уапсени се новинари од Ал Џезеира
Француската полиција уапси тројца новинари од Ал Џезеира кои управувале со дроновите во паркот на западен Париз. Едниот ги управувал, другиот снимал, а третиот само гледал, ова е информацијата од изворот близок до истрагата.










