• Свет 25.08.2014 11:33

    Првиот Британец заболен од ебола пристигна во Лондон

    Првиот Британец заразен со вирусот на ебола со специјален транспорт пристигна од Сиера Леоне во Велика Британија на лекување во посебна изолациска комора во болница во Лондон.

  • Свет 24.08.2014 17:40

    Куче изберено за градоначалник во САД

    Новиот градоначалник на Карморант во американската сојузна држава Минесота е 7-годишно куче. Се вика Дјук и ги добил изборите со повеќе гласови од неговите против кандидати.

    „Ме следи насекаде. Гласав за него“, изјави Дејвид Рик, сопственик на Дјук.

  • Свет 24.08.2014 17:21

    Експертите за растечкиот неонацизам во Европа

    Кога Америка преку борците за човекови права и Стејт депарментот го пали црвено светло за проблемот со неонацизмот во Европа тогаш е јасно, смета новинарот Ивановски, чијшто фах е надворешната политика, дека на стариот континент нешто сериозно се случува.

  • Свет 24.08.2014 16:45

    Животот во завојуваниот Доњецк

    Стравот од постојаните напади го принудил ова многу члено семејство да живее под ист покрив. Меѓутоа, имаат различни ставови за кризата што е закана за поделби. Александар Кобзев, свештеник и таксист, ја брани владата во Киев, којашто во моментот го бомбардира градот.

  • Свет 24.08.2014 16:31

    Израелските авиони го бомбардираа западниот дел на Појасот Газа

    Во израелски напад врз Појасот Газа биле убиени најмалку двајца Палестинци, а петмина биле повредени. Претставници на палестинските спасувачки екипи соопштуваат дека израелските авиони изутрината го бомбардирале западниот дел на Појасот Газа.

  • Свет 24.08.2014 16:28

    САД: Убиството на новинарот Џејмс Фоли е „терористички напад“

    Владата во Ирак се обидува да ги смири силните верски тензии кои се интензивираа по нападот врз сунитска џамија, истовремено обидувајќи се да ја одбие офанзивата на џихадистите која ја загрозува земјата, при што во најновите напади загинаа 34 лица.

  • Свет 23.08.2014 18:39

    Европа молчи за растечкиот неонацизам

    Акцентот во емисијата е ставен на состојбите во Грција, Унгарија и Латвија, што не значи дека препознатливиот нацистички симбол свастика нема приврзаници и во некои другите европски држави.

  • Свет 23.08.2014 17:12

    Израел продолжи со нападите во Газа

    Продолжуваат и нападите во Газа. Во напад на израелски авион врз куќа во централна Газа загинаа пет лица.

  • Свет 23.08.2014 16:23

    Рускиот хуманитарен конвој влезе во Луганск без дозвола на Киев

    Три цивили изутрината загинаа во Донецк. Вооружените напади продолжија таму, но и во Луганск, градот кој што се наоѓа во исклучително тешка хиуманитарна состојба.

  • Свет 22.08.2014 17:39

    Во судир на два автобуси загинаа 33 лица, а над 50 се повредени

    Најмалку 33 лица загинаа, а над 40 се повредени во судир на два автобуса во Египет. Трагичната несреќа се случила  утринава во јужен Синај, на патот кон туристичката дестинација Шарм ел Шеик. Од египетското министерство за здравство информираат дека меѓу повредените има и деца.

Pages