• Свет 26.05.2025 08:44

    Хуманитарната ситуација во Газа се полоша

    Нови жртви во израелски напад врз училиште во Газа кое се користело како засолниште- обвинуваат палестинските власти. Од Тел Авив без коментар. Ја продолжуваат офанзивата поради која Нетанјаху се најде под зголемен меѓународен притисок.

  • Свет 26.05.2025 08:39

    Трамп со ретка осуда за Путин: Апсолутно полудел

    Силна критика од Вашингтон за Москва. По досега најмасовните смртоносни руски напади врз Украина викендов, во ретка осуда Трамп изјави дека Путин апсолутно полудел. Вели дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, но дека ако го стори тоа, ќе ја доведе Русија до пропаст.

  • Свет 25.05.2025 13:16

    Москва со жестоки напади врз Киев, и покрај повиците за мир

    Наспроти повиците од светот за мир, Москва ги зајакна нападите врз Украина. Втора ноќ по ред Киев на удар на руските дронови и ракети, погодени се станбени згради. Бројот на жртви и повредени расте. Повеќе од 30 града се најдоа под непријателски оган, Житомир, Чернихив, Одеса, Миколаев.

  • Свет 25.05.2025 10:19

    Протести во Тел Авив

    Синоќа стотици луѓе протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници кои ги држи милитантната група Хамас.

  • Свет 25.05.2025 09:46

    Продолжуваат нападите врз Киев

    Нови руски напади врз киев со беспилотни летала. Украинските воздухопловни сили соопштија дека викендов откриле околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.

    Според првите информации загинале најмалку три лица, а десетици се повредени.

  • Свет 24.05.2025 13:03

    Расте дипломатскиот притисок врз Израел

    Израел соочен со дипломатски притисок. Проширената офанзива во Газа и блокадата на помошта, очигледно беа премногу дури и за западните сојузници на Тел Авив кои испратија јасен сигнал дека е доста.

  • Свет 24.05.2025 12:05

    Најавените царини на Трамп за Брисел се закана

    Најавите на американскиот претседател Трамп за царини од 50 насто за стоки од Европската унија од почетокот на јуни, за Брисел се закана.

    Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович смета дека трговијата меѓу САД и ЕУ мора да се води од заемно почитување, а не од закани.

  • Свет 24.05.2025 11:27

    Нов масовен напад врз Киев

    Русија изврши нов масовен, комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз Киев. Голем број луѓе се повредени, а многу жители побараа засолниште во подземните станици на метрото.

  • Свет 24.05.2025 09:55

    17 повредени во нападот со нож во Хамбург, четворица се во животна опасност

    Жена вооружена со нож нападна патници на еден од пероните на централната железничка станица во Хамбург, повредувајќи 17 луѓе. Четири се во критична, а шестмина во тешка здравствена состојба, соопштија германските власти.

    Полицијата тврди дека нападот нема политички мотиви.

  • Свет 23.05.2025 20:00

    Четврта жртва од поплавите источниот брег на Австралија

    Четврта жртва од поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија. Едно лице и натаму се води за исчезнато. Премиерот на Нов Јужен Велс, Албанезе, го посети погодениот регион.

Pages