Ултиматумот на Европската Унија до рускиот претседател Путин истече, а Москва не даде официјален одговор на предлогот за безусловно 30-дневно примирје кое требаше да стапи на сила на полноќ на 12 мај.
-
Свет 13.05.2025 10:16
-
Свет 13.05.2025 09:59
Опожарен влезот на домот на премиерот Кир Стармер
Лондонската полиција почна истрага за пожарот на влезот во куќата, која е во сопственост на британскиот премиер Стармер. Оштетена е само влезната врата од објектот, која моментално се издава бидејќи премиерот Стармер живее на Даунинг стрит 10.
-
Свет 13.05.2025 09:51
Моди: Индија нема да толерира нуклеарна цена
Ја паузиравме воената акција и ќе се одмаздиме по свои услови доколку има каков било иден терористички напад врз Индија, истакна премиерот, Моди.
-
Свет 13.05.2025 09:18
Хамас ослободи заложник од Газа
Ослободениот израелско-американски заложник еден Александар пристигна синоќа во Тел Авив по повеќе од 19 месеци во заробеништво во појасот Газа. Ослободувањето беше прво откако Израел го прекина осумнеделното примирје со Хамас во март и продолжи со жестоки напади врз Газа.
-
Свет 13.05.2025 08:19
Расте притисокот врз Русија
Русија тактизира. Нема одговор за средбата Зеленски – Путин во Истанбул, ниту за барањето за итен 30-дневен прекин на огнот. Зеленски вели дека би сакал да го види Трамп присутен на претстојните разговори меѓу Украина и Русија во Турција.
-
Свет 12.05.2025 14:44
Четврток - голем ден за Украина и Русија
Украина ја обвини Русија дека со повеќе од 100 дронови нападнала неколку региони и покрај ултиматумот, Москва да прифати 30 – дневен прекин на огнот. Откако Путин го повика Киев на преговори без предуслови на 15 мај, Зеленски порача дека е подготвен лично да се состане со шефот на Кремљ.
-
Свет 12.05.2025 11:57
САД и Кина постигнаа договор за намалување на трговските тарифи за 90 дена
На повидок крај на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии. САД и Кина постигнаа договор за намалување на трговските тарифи за 90 дена. Американскиот министер за финансии објави дека двете страни ќе ги намалат царините за 115 проценти.
-
Свет 12.05.2025 10:41
Можна средба Путин - Зеленски во Истанбул?
Расте притисокот за ставање крај на тригодишната војна во Украина. Завојуваните страни долго време ја исклучуваа можноста за состанок, сега тој би можел да се случи во наредните денови.
-
Свет 12.05.2025 08:54
На повидок крај на трговската војна меѓу САД и Кина
На повидок крај на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.
-
Свет 12.05.2025 08:41
Зеленски подготвен за разговори со Путин
Зеленски е подготвен лично да разговара со рускиот претседател Путин в четврток во Истанбул за завршување на војната. Украинскиот претседател изјави дека чека целосен и условен прекин на огнот, кој ќе трае доволно долго за да обезбеди неопходна основа за дипломатијата.










