Незапаметен масакр во средно училиште во Грац, Австрија. Десетмина загинати и 12 повредени во напад со огнено оружје. Меѓу жртвите се еден наставник и осуммина ученици на возраст од 14 до 18 години.
-
Свет 10.06.2025 17:01
-
Свет 10.06.2025 13:00
Војна на дронови меѓу Русија и Украина
Гореше небото над Киев и Одеса. Русија лансираше над 500 дрона бомби врз двата града. Во еден од најубавите приморски градови на светот, жителите ја минаа ноќта на улиците. Засега црниот биланс е двајца загинати, и дузина повредени. Насекаде опожарени возила.
-
Свет 10.06.2025 12:47
Напад во училиште во Грац
Најмалку петмина се убиени и неколкумина се ранети во пукање во средно училиште во австрискиот град Грац. Меѓу повредените се ученици и наставници-пренесуваат тамошните медиуми. Се верува дека осомничениот сторител, ученик се самоубил.
-
Свет 10.06.2025 11:00
Нов масовен руски напад врз Киев и Одеса
Нов масовен руски напад врз Киев и Одеса со балистички ракети и дронови. Москва јавува за соборени десетици украински беспилотни летала над 6 руски региони.
-
Свет 10.06.2025 10:27
Нови рунда разговори за трговскиот спор меѓу САД и Кина
Втор ден, високите претставници на САД и Кина се среќаваат во Лондон на продолжени разговори за надминување на трговскиот спор.
-
Свет 10.06.2025 09:31
Улиците во Лос Анџелес како бојно поле
Ескалира ситуацијата во Лос Анџелес. Нови судири, апсења и насилства во продолжените протести поттикнати од имиграциските рации, а разгорени по одлуката на Трамп за распоредување на Националната гарда.
-
Свет 10.06.2025 09:20
Нови жртви во близина на хуманитарен пункт во Рафа
Палестинските власти обвинуваат за десетици нови жртви во израелски напад во близина на центар за хуманитарна помош во Јужна Рафа додека Израел ја продолжува воената офанзива во Појасот.
„Имаше многу повредени и жртви“, изјави Салим Ал-Рабаја, раселен од Рафа.
-
Свет 10.06.2025 08:33
Ескалира ситуацијата во Лос Анџелес
Ескалира ситуацијата во Лос Анџелес. Нови судири, апсења и насилства во продолжените протести поттикнати од имиграциските рации, и разгорени по одлуката на Трамп за распоредување на Националната гарда.
-
Свет 09.06.2025 11:07
Техеран има чувствителни документи за Израел
Иран тврди дека поседува чувствителни израелски документи за нуклеарните постројки, воените капацитети и надворешните врски со САД, Европа и други земји. Го нарече ова „вредно откритие“ кое ќе ја зајакне офанзивната моќ на Техеран.
-
Свет 09.06.2025 10:25
Немири во Лос Анџелес
Солзавец, флеш гранати, запалени автомобили, гумени куршуми и десетици уапсени – Лос Анџелес стана како воена зона откако националната гарда по наредба на Трамп се распореди за да ги заштити федералниот персонал и имот, по насилните протести викендов поттикнати од имиграциските рации и апсења.










