Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од територијата под руска контрола во регионите Запорожје и Херсон по украински напади со дронови. Стотици илјади луѓе останаа без струја.
-
Свет 03.06.2025 10:27
-
Свет 03.06.2025 09:28
Преговорите во Истанбул без посакуваните разултати
Киев и Москва во Истанбул се согласија да разменат затвореници и тела на убиени војници. Рускиот тим го предаде својот меморандумот за мир, украинскиот тврди дека ќе им треба една недела да го разгледаат и да ги координираат натамошните чекори.
-
Свет 03.06.2025 08:47
Израел побара евакуација на жителите на Кан Јунис
Израелската војска повика на итна евакуација на жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа. Тел Авив тврди дека ќе оперираат во одредени населби каде што терористичките организации ги продолжуваат активностите.
-
Свет 03.06.2025 08:45
Предвремени претседателски избори во Јужна Кореја
Јужна Кореја гласа на предвремени претседателски избори откако актуелниот претседател Јун Сук-Јеол беше отстранет од функцијата во април по обвиненијата за бунт поради кратко прогласување воена состојба во земјата во декември.
-
Свет 03.06.2025 08:38
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер ја погоди Турција
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтер го погоди медитеранскиот брег на Турција, градот Мармарис. 14-годишно момче загина во стампедо, а 69 луѓе се повредени. Властите велат дека повредените во паника скокале од прозорци или балкони. Нема извештаи за поголема материјална штета.
-
Свет 02.06.2025 18:21
Нова рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
Дипломатијата на потег. Делегациите на Киев и Москва повторно на маса во Истанбул. Се презентираат меморандумите за иден мировен договор. Турскиот министер за надворешни очекува продуктивна средба.
-
Свет 02.06.2025 14:28
Киев го објави мировниот план, Москва тактизира- дипломатијата на потег
Дипломатијата на потег. Нова рунда разговори меѓу Киев и Москва во Истанбул. Двете страни ќе ги презентираат меморандумите за иден мировен договор. Делегациите ги предводат помошникот на рускиот претседател, Медински и министерот за одбрана на Украина, Умеров.
-
Свет 02.06.2025 12:34
Навроцки победник на изборите во Полска
Победивме иако фразата тенка како жилет засекогаш ќе стане дел од нашиот јазик и во политиката, беше првото обраќање на популистот и историчар Карол Навроцки по вториот круг претседателски избори во Полска. За малку ќе добиев срцев удар, го дополни неговата сопруга Малгоржата.
-
Свет 02.06.2025 10:54
Карол Навроцки избран за нов претседател во Полска
Во тесна трка, конзервативецот Карол Наврок победи на вториот круг од претседателските избори во Полска со освоени 50,89 гласови. Неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски освои 49,11 насто од гласовите.
-
Свет 02.06.2025 10:30
Шестмина повредени на собир на еврејска заедница во Колорадо
Шестмина се повредени во напад на собир на еврејската заедница во Колорадо посветен на ослободувањето на заложниците во Газа.
45 годишен маж фрлил молотови коктели и употребил импровизиран фрлач на пламен. ФБИ го третира нападот како терористички чин.










