Израел го запре бродот со активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, кои носат хуманитарна помош за Газа. Тие се приведени и ќе бидат вратени во своите земји, а помошта ќе се достави преку официјални канали – тврди Тел Авив.
-
Свет 09.06.2025 09:45
-
Свет 09.06.2025 09:20
Москва и Киев со напади и обвинувања
Масовни руски напади со „шахеди“ низ Украина, Москва јавува за десетици соборени украински дронови над Русија. Војната се разгорува наспроти обвинувања за ветеното во Истанбул.
-
Свет 09.06.2025 08:53
Нови судири во Лос Анџелес, градот како воена зона
Солзавец, флеш гранати, запалени автомобили-Лос Анџелес стана воена зона откако националната гарда по наредба на Трамп се распореди за да го заштити федералниот персонал и имот и покрај противењата на гувернерот и на градоначалникот.
-
Свет 08.06.2025 13:29
Хаос на улиците во Лос Анџелес, распоредена Националната гарда
Хаос на улиците на Лос Анџелес. Администрацијата на Трамп испрати 2.000 војници на Националната гарда поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциските власти.
-
Свет 08.06.2025 10:10
Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија
Американскиот претседател Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциските власти.
-
Свет 07.06.2025 12:49
Втора ноќ по ред Украина под интензивни руски напади
Војната се разгорува. Со ракети и беспилотни летала, Харков, вториот по големина град во Украина, под најинтензивниот оган од почетокот на конфликтот. Регистрирани жртви и повредени, во пламен станбени згради на неколку локации. На удар и градови на исток и северозапад.
-
Свет 07.06.2025 12:00
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон на трговски разговори
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон во понеделник на трговски разговори.
-
Свет 07.06.2025 10:27
Руски воздушни напади врз Харков
Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски.
-
Свет 06.06.2025 20:28
Масовни воздушни напади врз украинската престолнина
Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии.
-
Свет 06.06.2025 19:21
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд. Државниот секретар Рубио, објави дека потегот е поради активното учество на судиите во нелегални и неосновани постапки против САД и сојузникот Израел.










