• Свет 03.02.2025 09:36

    Продолжуваат студентските протести и блокади во Србија

    Дијалогот меѓу владините претставници и универзитетските професори во Србија според најавите, би можел да започне неделава за да се утврди дали се целосно исполнети сите студентски барања.

  • Свет 03.02.2025 09:23

    Напад со дронови врз енергетски објекти во Русија

    Украина синоќа изврши голем напад со беспилотни летала врз енергетски инфраструктурни објекти во Русија. Од Москва велат дека пресретнале и уништила 70 дронови.

    Руската Федерална агенција за воздушен транспорт привремено ги прекина летовите на аеродромите во поголемите градови.

  • Свет 03.02.2025 08:43

    Канада и Мексико со реципрочни мерки спрема САД

    Американскиот претседател Трамп посочи дека и на Европа и најверојатно на Велика Британија ќе и зададе удар со царини откако ги погоди најголемите американски трговски партнери – Канада, Мексико и Кина – со даноци за увоз.

  • Свет 03.02.2025 08:27

    Неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот меѓу Израел и Хамас

    И натаму неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Рокот истекува денеска, на 16-от ден од првата фаза.

    Израелскиот премиер Нетанјаху е во посета на САД, на средба со американскиот претседател Трамп.

  • Свет 02.02.2025 13:01

    Нетанјаху во вторник во Вашингтон на средба со Трамп

    Израелскиот премиер Нетанјаху во вторник во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Трамп. Состанокот доаѓа во време кога во Газа е во сила шестнеделно примирје, откако Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

  • Свет 02.02.2025 12:24

    Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа

    Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносен ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во Суџа, во дел од Курскиот регион во Русија, што е под контрола на украинските сили.

  • Свет 02.02.2025 11:44

    Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД

    Канадскиот премиер Џастин Трудо најави контрамерка на одлуката на Трамп за царини за Отава. Земјата ќе воведе тарифи од 25 насто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари.

  • Свет 02.02.2025 09:33

    Во понеделник почнуваат преговорите за новата фаза од прекинот на огнот во Газа

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ги започне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа кога ќе се сретне со пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во понеделник во Вашингтон, соопшти кабинетот на Нетанјаху доцна ноќта во саботат

  • Свет 01.02.2025 19:05

    Трамп со нов бран царини

    Американскиот претседател Доналд Трамп воведе агресивни царини од 25 насто за Мексико и Канада, како и 10 насто за Кина, како одмазда за, како што велат од Белата куќа „нелегалниот фентанил што тие го купиле и дозволиле да се дистрибуира во земјата“.

  • Свет 01.02.2025 18:26

    Руски напад врз историскиот центар во Одеса

    Руските со ракети го нападна историскиот центар на украинскиот пристаништен град Одеса на Црното Море, при што се повредени 7 лица и беа оштетени згради на списокот на светско наследство на УНЕСКО, соопштија локалните власти.

Pages