Во Мадрид, убиен поранешниот украински политичар Андриј Портнов, кој беше висок функционер во мандатот на претседателот Виктор Јанукович.
-
Свет 21.05.2025 15:35
-
Свет 21.05.2025 14:51
Во напад во Холандија повредени неколку лица, меѓу нив и полицаец
Повеќе лица се повредени во напад со нож што се случи утрово во холандскиот град Хофдорп, меѓу нив е и полицаец кој интервенирал.
На местото на настанот освен полициски и итни служби, испратен е и хеликоптер.
Областа е блокирана, а истрагата во тек.
-
Свет 21.05.2025 11:53
Големи поплави предизвикани од обилни дождови долж источниот брег на Австралија
Обилни дождови предизвикаа големи поплави долж источниот брег на Австралија. Најтешко погодени се градовите Тари и Вингам.
Околу 1.600 лица од итните служби се распоредени за да помогнат во спасувачките напори. Луѓето заробени на покриви се евакуираат со хеликоптери и чамци.
-
Свет 21.05.2025 11:17
Симион го оспори изборниот резултат од повторените претседателски избори во Романија
Лидерот на романската крајна десница, Георге Симион реши да го оспори изборниот резултат од повторентие претседателски избори пред Уставниот суд.
-
Свет 21.05.2025 10:20
Нови руски напади во Украина
Нови напади на украинскиот фронт додека разговорите за прекин на огнот тапкаат во место. Русија пресретнала над сто украински дронови чија цел биле воено-индустриски објекти. Путин го посети Курскиот Регион, првпат откако ги протераа украинските трупи.
-
Свет 21.05.2025 09:54
ЕУ реши да ги укине санкциите против Сирија
ЕУ реши да ги укине санкциите против Сирија за да им дозволи на властите да изградат нова, инклузивна и мирна земја-соопшти шефицата на европската дипломатија. Одлуката на Брисел, доаѓа непосредно откако САД објави дека ги укинува санкциите за Дамаск.
-
Свет 21.05.2025 09:39
Израел продолжи со напади врз Појасот Газа
Израелските сили продолжија со напади врз појасот Газа. И покрај притисокот од Западот властите не се откажуваат од проширената копнена офанзива, најавувајќи дека дополнително ќе ја прошират, сè додека не постигнат договор со Хамас.
-
Свет 21.05.2025 09:10
Самоубиствен бомбашки напад врз училиштен автобус во Пакистан
Самоубиствен бомбашки напад врз училиштен автобус во Пакистан. Има жртви и десетици повредени-соопштија локалните власти.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако се осомничени етничките Белуџи, сепаратисти кои често вршат вакви напади врз цивили во регионот.
-
Свет 21.05.2025 09:00
Нови напади на украинскиот фронт
Нови напади на украинскиот фронт додека разговорите за прекин на огнот тапкаат во место. Зеленски подготвен за секаков формат на преговори што носи резултати. Нагласува-ако Москва продолжи да поставува нереални услови и да го поткопува напредокот, последиците мора да бидат сериозни.
-
Свет 20.05.2025 18:18
Трамп не успеа да договори прекин на огнот со Путин
Трамп не успеа да договори прекин на огнот со Путин, но најави дека преговорите меѓу Москва и Киев ќе почнат веднаш. Условите за мир ќе мора да ги договорат самите.










