• Свет 28.05.2025 08:17

    САД го обвинија Хамас за обидот да ги спречи конвоите со храна да стигнат до дистрибутивните центри

    Стејт департментот ја отфрла загриженоста во врска со испораките на хуманитарна помош во Газа од страна на приватна иницијатива поддржана од САД, која ги заобиколува Обединетите нации и другите организации за помош.

  • Свет 27.05.2025 15:57

    Москва продолжува да таргетира цели во Украина

    По жестоките руски удари во изминатите три дена, Москва продолжува да таргетира цели во Украина. Соборивме десетици украински дронови на руско тло – возвраќа Русија. И двете страни со обвинувања за тоа кој сака, а кој не, крај на конфликтот. Киев тврди-Путин ја пролонгира војната.

  • Свет 27.05.2025 14:30

    Нови руски напади во Украина

    Руските сили ја нападнаа Украина со речиси илјада ракети и дронови во последните три дена. Изминатата ноќ регистрирани повредени на југот и југоистокот. И Москва обвинува за пресретнати околу 100 беспилотни летала во седум региони. Зеленски со став, Русија ја пролонгира војната.

  • Свет 27.05.2025 12:54

    Бомбашки напад во Истанбул, има повредени

    Најмалку седум лица се повредени, од кои тројца потешко, откако неидентификувани напаѓачи фрлиле рачна граната во ресторан во Истанбул. Се трага по двајца осомничени.

  • Свет 27.05.2025 12:08

    Самит на АСЕАН во Куала Лумпур

    Светската економија и предизвиците со нестабилната трговија по наметнатите царини од американскиот претседател Трамп, во фокусот на 46-от самит на земјите од југоисточна Азија.

  • Свет 27.05.2025 09:26

    Продолжуваат руските напади во Украина

    Руските сили ја нападнаа Украина со речиси илјада ракети и дронови во последните три дена. Изминатата ноќ регистрирани повредени на југот и југоистокот, соопштија украинските власти. Москва пак обвинува за пресретнати околу 100 беспилотни летала во седум региони.

  • Свет 27.05.2025 08:52

    Повредени педесетина лица во Ливерпул, уапсен 53-годишен маж

    Полицијата во Ливерпул уапси 53-годишен маж кој со возило удри во толпа луѓе кои ја славеа титулата на Ливерпул во англиската Премиер лига. Властите велат дека мотивите засега се непознати.

  • Свет 27.05.2025 08:49

    Камиони со помош пристигаат во Газа

    Израелските војниците напредувале неколку стотици метри длабоко на територијата во јужен Либан, објавија локалните медиуми.

  • Свет 27.05.2025 08:44

    Зеленски: Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната

    Русија ја пролонгира војна, обвинува Зеленски откако Москва изврши голем напад со 355 беспилотни летала врз Украина во ноќта спроти понеделник. Згаснуваат надежите за пробив во напорите за ставање крај на тригодишната војна, Западот се заканува со санкции.

  • Свет 26.05.2025 19:57

    Новоизбраниот претседател на Романија положи заклетва

    Новоизбраниот претседател на Романија, Никусор Дан положи заклетва. 55-годишниот математичар и поранешен градоначалник на Букурешт, убедливо победи во вториот круг на 18-ти мај.

Pages