Во вооружен напад во американската сојузна држава Индијана загинаа три лица, а двајца полицајци се повредени.
Во инцидентот загина и осомничениот напаѓач, во престрелка со полицијата, кој претходно во супермаркет во Елкхарт уби две лица.
Во вооружен напад во американската сојузна држава Индијана загинаа три лица, а двајца полицајци се повредени.
Во инцидентот загина и осомничениот напаѓач, во престрелка со полицијата, кој претходно во супермаркет во Елкхарт уби две лица.
На вонредна прес-конференција свикана по студентските протести на Автокоманда во Белград, синоќешниот повик за дијалог од претседателот Вучиќ и по инцидентот во Нови Сад кога пред просториите на СНС тешко е повредена една студентка, премиерот на Србија Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ на вонредна прес- конференција соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја прифатил неговата одлука.
Илјадници раселени Палестинци се враќаат на северот на Појасот Газа. ЕУ објави дека повторно ја почнува мисијата за следење на граничниот премин меѓу Појасот Газа и Египет.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас од 19 јануари се спроведува. Над 300 илјади раселени Палестинци се вратија на северот на Појасот Газа. За жителите на пограничните области со енклавата безбедноста и натаму е голема грижа.
Претседателот Трамп најави големи промени во американската армија.
Битки на неколку страни на фронтот во Украина. Најжестоки борби се водат околу Часово Јар и во правец на Покровск.
Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за ублажување на санкциите кон Сирија. Членките почнаа да го преиспитуваат својот пристап кон Дамаск откако во декември беше соборен претседателот Башар Ал-Асад.
Претседателот на Србија, Вучиќ, уверува дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања. Додаде дека е подготвен и да потпише одлука за помилување од кривично гонење на уапсените студенти и други приведени за време на протестите.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика членките на алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана над нивната заедничка цел од два насто од БДП, која беше поставена пред една деценија.