• Свет 11.11.2024 09:43

    Напади со дронови на руска и украинска територија

    Војната на украинскиот фронт продолжува. Издадени предупредување за воздушен напад во поголемиот дел на земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија дека руски тешки бомбардери, полетале кон нивна територија.

  • Свет 11.11.2024 08:45

    Жртви и повредени во напади врз украинскиот регион Николаев

    Војната на украинскиот фронт продолжува. Во изминатото деноноќие регистрирани жртви и повредени во напади во Николаев. Руски воени складишта, аеродроми и воено-индустриските комплекси се цел на напади со украински беспилотни летала.

  • Свет 11.11.2024 08:25

    Шумски пожари во Њујорк и Њу Џерси

    Вработен во њујоршките паркови загина борејќи се со еден од бројните шумски пожари во Њу Џерси и Њујорк. Поради опасниот чад, издадени предупредувања за квалитетот на воздухот во двете држави.

  • Свет 11.11.2024 08:24

    Можно гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ

    Германскиот канцелар Олаф Шолц не исклучува гласање за недоверба на германската влада пред Божиќ, што е порано од 15-ти јануари, датумот што првично го најави за пратениците во германскиот Бундестаг.

  • Свет 11.11.2024 08:23

    Продолжуваат битките, Нетанјаху на линија со Трамп

    Активирани системите за воздушна одбрана во југозападен Ерусалим откако ракета беше истрелана од Јемен. Израелската војска објави видео на кое наводно се гледа подземен комплекс на Хезболах во јужен Либан. Тел Авив тврди дека откриле мрежа од тунели, соби и складишта оружје.

  • Свет 10.11.2024 13:47

    Бајден в среда домаќин на Трамп

    Актуелниот американски претседател Џо Бајден в среда ќе биде домаќин на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на традиционалниот постизборен состанок во овалната соба во Белата куќа.

  • Свет 10.11.2024 13:33

    Големи протести во Валенсија

    „Ние сме извалкани со кал, вие со крв!“ – десетици илјади гневни граѓани на протест во Валенсија по поплавите кои зедоа стотици жртви, гневни поради лошиот одговор на власта. Бараат одговорност и оставки од регионалниот лидер, Мазон и премиерот Санчез.

  • Свет 10.11.2024 13:20

    Украина лансираше беспилотни летала кон Москва

    Трамп преку свои советници упатува пораки дека Европа не направила ништо кога Русија го анектираше Крим, а сега дава задоцнета поддршка за Украина. За Вашингтон нема да биде приоритет Украина да ги зачува сите територии, туку ставање крај на војната.

  • Свет 10.11.2024 10:32

    Непријателствата и нападите земаат замав на Блискиот Исток

    Мирот на Блискиот Исток се понеизвесен откако посредникот Катар реши да се повлече од преговорите за примирје. Непријателствата и нападите земаат замав. Американската и британската војска ги гаѓаа позициите на Хутите низ Јемен, Израел напаѓа во Газа и Либан. Црниот биланс расте.

  • Свет 09.11.2024 18:02

    Бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

    Десетици загинати и повредени по бомбашки напад на железничка станица во Квета во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, додека патниците чекале воз на преполната платформа.

Pages