• Свет 09.11.2024 18:02

    Бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

    Десетици загинати и повредени по бомбашки напад на железничка станица во Квета во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека бомбаш самоубиец го активирал експлозивот, додека патниците чекале воз на преполната платформа.

  • Свет 09.11.2024 17:26

    Во Германија се одбележуваат 35 години од падот на Берлинскиот ѕид

    Со бројни настани Германија ја одбележува 35 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид-клучен момент во распадот на комунизмот во Европа.

    Одржани комеморации и изложени постери долж поранешната рута на Ѕидот, со симболичен наслов-„Ние ја држиме слободата високо“.

  • Свет 09.11.2024 13:38

    Реакции по немилите настани во Холандија

    Лавина реакции по инцидентот во Амстердам во кој беа нападнати израелски навивачи. По осудата на холандските власти, од Брисел порака дека Европа нема да толерира антисемитско насилство и е решена да се бори против сите форми на омраза.

  • Свет 09.11.2024 12:50

    Се бара мировен договор за Украина

    По изборот на Трамп за нов американски претседател се активира планот за постигнување мир во Украина. Украина се плаши дека мирот нема да биде поволен за земјата, па Зеленски тоа го побарал и во телефонскиот разговор со Трамп на кој се приклучил и Илон Маск.

  • Свет 09.11.2024 11:00

    Трамп нема да биде кривично гонет, судењето е прекинато

    Федералниот суд го одобри барањето на специјалниот обвинител Џек Смит за суспендирање на роковите во случајот за мешање во изборите против Доналд Трамп.

  • Свет 09.11.2024 10:11

    Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот

    Синоќа во Нови Сад протести и блокада на сообраќајот преку Варадинскиот мост. Насобраните повикаа да се утврди одговорноста за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.

  • Свет 08.11.2024 20:45

    Силен земјотрес во Турција

    Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

    Епицентарот на земјотресот е во провинцијата Елазиг, на длабочина од 16 километри.

    Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

  • Свет 08.11.2024 19:09

    Судот во Њујорк следната недела ќе одлучува за осудителната пресудата против Трамп

    Судот во Њујорк следната недела ќе одлучи дали ќе ја отфрли осудителната пресудата против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во случајот за фалсификување деловни документи, поврзани со аферата со порно актерката Сторми Даниелс.

  • Свет 08.11.2024 12:39

    Нетрпението меѓу Израел и Палестина ескалираше на улиците во Амстердам

    Кризата на Блискиот Исток се пресели и на спортските настани. Нетрпението меѓу Палестинците и Израелците ескалираше на улиците во Амстердам, откако израелските навивачи беа пресретнати од палестински демонстранти пред стадионот на Ајакс, по натпреварот од лигата на Европа.

  • Свет 08.11.2024 11:32

    Протести пред народниот театар „Иван Вазов“ во Софија

    Хаос во народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Стотици граѓани синоќа, буквално ги окупираа влезовите на театарот, гневни поради претставата на холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружјето и човекот“.

Pages