• Свет 28.07.2024 11:29

    Северна Кореја ветува целосно уништување на непријателот

    Северна Кореја вети дека доколку лидерот Ким Јонг Ун, даде наредба во случај на војна, целосно ќе ги уништи своите непријатели. Изјавите кои се резултат на „растечката омраза“ кон САД и Јужна Кореја беа дадени за време на состанокот по повод 71-годишнината од примирјето во корејската војна.

  • Свет 28.07.2024 11:28

    Трамп собра поддржувачи во Минесота

    Претседателската кампања влегува во последните критични 100-дена. Републиканскиот кандидат Трамп собра поддржувачи во Минесота, држава која не поддржува кандидат на републиканската партија за Белата куќа од 1972 година.

  • Свет 28.07.2024 11:26

    Нов напад на руска територија

    Нов напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз рускиот регион Курск. Забележани се експлозии и пожари во областа, а зафатен е и голем магацин за нафта.

  • Свет 28.07.2024 10:07

    Израел одговори на крвавиот напад

    Блискиот исток на раб на амбисот. Израелската авијација нападна цели на Хезболах длабоко на либанска територија откако ракета падна врз фудбалско игралиште на Голанската висорамнина, при што се убиени 12 тинејџери, а над 30 се ранети.

  • Свет 27.07.2024 19:57

    Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

    Боксерскиот тренер на Самоа, Лион Елика Фатупаито, почина во Олимпиското село во Париз, јавуваат француските медиуми.

    Шеесетгодишниот стручњак почина вчера. Според полицијата, тренерот се чувствувал лошо и доживеал срцев удар, а лекарите не успеале да го спасат.

  • Свет 27.07.2024 15:51

    Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина во август

    Индискиот премиер Нарендра Моди во август ќе отпатува за Киев, што ќе биде негова прва посета на земјата од почетокот на руско-украинската војна во 2022 година.

  • Свет 27.07.2024 15:15

    Мелони во официјална посета на Кина

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска пристигна во официјална посета на Кина за да ги промовира економските односи и да разговара за војната во Украина, објавија кинеските државни медиуми.

  • Свет 27.07.2024 14:29

    Израелски воздушен напад врз училиште во Газа

    На страдањата во Газа им нема крај. Најмалку 30 луѓе загинале, а повеќе од 100 се повредени во израелски напад врз училиште во Деир ал-Балах, во централниот дел на енклавата, соопштија палестинските власти.

  • Свет 27.07.2024 12:23

    Спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз

    Со спектакуларно четиричасовно шоу стартуваа 33. Летни Олимписки игри во Париз. 10.714 спортисти, во 32 спорта, од 206 земји продефилираа на реката Сена во флота од 85 брода.

  • Свет 27.07.2024 10:42

    Голем пожар во Калифорнија – итна евакуација во четири реони

    Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денес властите.

Pages