Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува АНСА.










