Израел изведе воздушен напад врз јужно предградие на Бејрут, чија цел бил висок командант на Хезболах. Израелската војска кажа дека ова е одмазда за саботниот ракетен напад врз Голанската Висорамнина, кога на фудбалски терен загинаа 12-мина млади.
-
Свет 30.07.2024 20:36
-
Свет 30.07.2024 20:01
Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко одлучи да го помилува германскиот државјанин Рик Кригер, кој беше прогласен за виновен по шест члена од Кривичниот законик и осуден на смрт под обвинение за тероризам, соопшти прес-службата на Лукашенко.
-
Свет 30.07.2024 18:04
Турција усвои закон за отстранување на бездомните кучиња од улиците
Турскиот парламент усвои закон што налага сите кучиња скитници да бидат уловени и префрлени во прифатни центри, подалеку од улиците каде што сè почесто напаѓаат и луѓе. Најагресивните и оние со неизлечиви болести ќе бидат уништени.
-
Свет 30.07.2024 17:25
Деветгодишно девојче е третата жртва на нападот во Саутпорт
Деветгодишно девојче им подлегна на повредите добиени во вчерашниот напад со нож во градот Саутпорт, Англија.
Полицијата соопшти дека девојчињата што во понеделникот го загубија животот биле на возраст од шест и седум години.
-
Свет 30.07.2024 16:03
Блискиот Исток на чекор од разгорување на војната
Војната која повеќето луѓе на планетава не ја посакуваат може наскоро да избувне. Додека клучните играчи на Западот се обидуваат да ја запрат најавената одмазда на Израел за колежот направен меѓу децата на Голан, во Бејрут тотален хаос на аеродромот Харири.
-
Свет 30.07.2024 11:43
Венецуела обвини дека хакери од Македонија биле замешани во изборна манипулација
Контроверзните претседателски избори во Венецуела зачинети со македонска мирудија. За граѓаните на оваа латиноамериканска држава – нашата земја преку ноќ стана екстремно популарна, откако венецуелскиот јавен обвинител обвини дека хакери од Македонија биле замешани во изборна манипулација.
-
Свет 30.07.2024 11:05
Русија почна голема воена вежба
Руската морнарица почна голема вежба во која учествуваат околу 300 бродови и 20.000 морнари. Маневрите се тест на дејствијата на командите на три флоти на руската морнарица, како и на касписката флотила.
-
Свет 30.07.2024 10:45
Велика Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан
Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами ги повика британските граѓани да го напуштат Либан и да не патуваат во таа држава во услови на растечки тензии на Блискиот Исток, јави ДПА.
-
Свет 30.07.2024 09:51
Венецуела обвини за хакерски напад на изборите од Македонија
Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја.
-
Свет 30.07.2024 09:15
Стотици луѓе затрупани во лизгање на земјиште во јужната индиска држава Керала
Стотици луѓе најверојатно се затрупани во лизгање на земјиште во јужната индиска држава Керала соопшти индиската армија. „Се сомневаме дека стотици луѓе се затрупани“, се вели во соопштението.










