Амбасадорите на Европската унија официјално договорија почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со унијата.
-
Свет 15.06.2024 09:52
-
Свет 15.06.2024 09:19
Во Швајцарија почнува дводневната мировна конференција за Украина, ќе учествува и Зеленски
Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.
-
Свет 14.06.2024 19:00
Почна годишниот аџилак во Мека
Денеска почна годишниот аџилак во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници кои во екот на војната во Газа порачаа дека се молат за жителите на палестинската територија.
-
Свет 14.06.2024 18:20
Германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра
Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.
Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.
-
Свет 14.06.2024 12:00
50 милијарди долари, нова помош за Киев
Војна на дронови меѓу Русија и Украина. И двете страни тврдат за успешни напади и пресретнати ракети. Во Харков повторно гори. Во руски напад изгорени згради и автомобили, повредени нема. Надвор од фронтот, позитивни сигнали од самитот Г-7.
-
Свет 14.06.2024 09:26
Бајден и Зеленски потпишаа историски билатерален договор
Украина добива 50 милијарди долари помош од замрзнатите руски средства – договорија лидерите на Г-7 на самитот во Италија. Фондот, ќе биде основан во рамките на меѓународна организација со придонеси во форма на заеми.
-
Свет 14.06.2024 09:15
Поради поплави на Флорида прогласена вонредна состојба
Властите во Флорида прогласија вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа каде што живеат повеќе од осум милиони луѓе.
-
Свет 14.06.2024 09:11
Се интензивираа борбите меѓу Израел и Хезболах
Ескалира ситуацијата на Израелско-Либанската граница. Повредени се неколку лица при најновиот напад на Хезболах со околу 40 ракети врз Галилеја и Голанската висорамнина во Израел. Тел Авив го возврати ударот. Судири и на Западниот Брег, загинати тројца Палестинци.
-
Свет 13.06.2024 14:53
Украина на врвот на агендата на самитот на Г7 во Италија
Во Италија почнува самитот на Г7. Украина на врвот на агендата. На маргините на самитот Бајден и Зеленски ќе потпишат безбедносен договор со цел да испратат сигнал до Русија за американската решителност да го поддржи Киев. САД воведе нови санкции за Русија.
-
Свет 13.06.2024 12:48
УНХЦР: Бројот на присилно раселени лица бележи рекорди
УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување. Вкупните бројки се искачија до 120 милиони до мај годинава.










