• Свет 22.02.2024 10:58

    Неконтролиран шумски пожар во Викторија

    Неконтролиран шумски пожар во австралиската сојузна држава Викторија. Пламенот се приближува кон градот Баларт. Околу две илјади луѓе се евакуираат поради ризик од проширување на огнената стихија.

  • Свет 22.02.2024 09:01

    Серија земјотреси ја погодија Хрватска

    Во 07:03 часот е регистриран нов земјотрес во Хрватска на Пељешац со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

  • Свет 22.02.2024 08:56

    Обилни врнежи снег создадоа проблеми во Сеул

    Обилниот снег кој го прекри јужнокорејскиот главен град Сеул и околните региони во текот на ноќта создаде огромен сообраќајниот метеж и одложувањата на јавниот превоз ги попречија патниците. Снежната покривка достигнала речиси 14 сантиметри.

  • Свет 22.02.2024 08:53

    Судот му забрани учество на Надеждин на изборите

    Московскиот суд ја потврди забраната за учество на либералниот руски политичар, Борис Надеждин на претстојните претседателски избори следниот месец, на кои се очекува Путин да добие уште еден шестгодишен мандат.

  • Свет 22.02.2024 08:46

    Русите зазеле клучна позиција, Киев негира

    Русите тврдат дека зазеле клучна украинска позиција на реката Дњепар, Украина пак, негира. Засилената руска офанзива продолжува. Украинските војници се борат до исцрпеност на линијата на фронтот во услови на недостиг на муниција.

  • Свет 22.02.2024 08:45

    Продолжија воздушните напади низ Газа

    Едно лице е убиено, а седум се ранети во терористички напад близу контролен пункт во предградие на Ерусалим. Двајца од тројцата напаѓачи-Палестинци, се неутрализирани. Во Елиат огласени сирени. Израелската воздушна одбрана пресретнала ракета над Црвено море во напад на Хутите.

  • Свет 22.02.2024 08:39

    Одлуката за екстрадиција на Асанж најрано во март

    Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе ја знае одлуката за негова екстрадиција во САД најрано во март. По завршувањето на дводневната расправа на судиите во Вишиот суд во Лондон ќе им биде потребно време да разгледаат и решат дали да му дозволат нова жалба.

  • Свет 21.02.2024 21:51

    ЕУ ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа за непожелна

    Европската унија ја осуди одлуката на Русија да ја прогласи Радио Слободна Европа, која е финансирана од САД, за „непожелна организација“, соопшти денеска портпаролот на ЕУ, Питер Стано.

  • Свет 21.02.2024 18:50

    Фон дер Лајен вети поддршка за Западен Балкан ако биде реизбрана за шефица на ЕК

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека доколку биде реизбрана ќе се залага за процесот на проширување и финансиска помош за земјите на Западен Балкан, познат како „План за раст“ со шесте земји од регионот.

  • Свет 21.02.2024 18:45

    ЕУ со нови санкции против Русија

    200 организации и приватни лица се најдоа на листата на 13-от пакет санкции за Русија од ЕУ во пресрет на две годишнината од руската агресија врз Украина.

Pages