Светот ги привршува последните подготовки за новогодишната ноќ. Во Њујорк традиционално тестирана светлечката топка на Тајмс Сквер што ќе ја одброи последната минута од старата година.
„Се подготвуваме за многу забава“.

Во Тел Авив антивладини протести против начинот на кој владата на Нетанјаху се справува со тековната војна во Газа. Повикаа на нови избори и побараа итна акција за враќање на заложниците.
Во Босна и Херцеговина е регистриран силен земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Зеница, на длабочина од десет километри.
Во Пасау, Германија, камион удрил во пешаци, при што една жена загинала, додека четворица биле сериозно повредени. Меѓу повредените е и 11-годишно девојче.
Според полицијата, станува збор за несреќа што се случила по избегнувањето на судар со автобус.
И додека во Србија денес 15.000 граѓани повторно гласаат на 35 поништени бирачки места, опозиционата коалиција „Србија против насилството“, истите ги бојкотира, и одржа масовен протест на Теразије, во центарот на Белград.
Украина влезе во 2023 со надеж дека ќе успее да ја порази Русија на бојното поле, но ја завршува годината во неизвесноста за ветената помош од Западот.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг, издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин. Ким Џонг Ун ја посети Москва.
Најжесток руски воздушен напад врз Украина од почетокот на војната. Загинаа најмалку 30 луѓе, а стотици се ранети. „Не удрија со речиси сè што имаат во својот арсенал“, изјави претседателот Зеленски, повикувајќи ја меѓународната заедница да одговори на најновите руски воздушни напади.
Израел ја проширува офанзивата во Газа додека официјалните лица на ООН алармираат за опасноста за цивилите и прелевање на конфликтот.