Авион на армијата на САД, со осум лица, се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.
-
Свет 29.11.2023 12:23
-
Свет 29.11.2023 12:20
Продолжуваат руските напади врз Украина
Во текот на ноќта Русија лансираше 21 беспилотно летало и три крстосувачки ракети, соопштија од украинските воздухопловни сили.
Лошите временски услови ги отежнуваат напорите на Москва да ги обезбеди позициите на истокот, тврдат украинските власти.
-
Свет 29.11.2023 12:16
Истекува примирјето во Газа, посредниците работат на продолжување
Од Белата куќа и катарското МНР велат дека работат со Израел и Хамас за продолжување на примирјето во Појасот Газа. Тел Авив ја повика меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите заложници што ги држи терористичката организација.
-
Свет 29.11.2023 09:00
Израел бара итно ослободување на сите заложници
Израел ја повика меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. На петтиот ден од прекинот на огнот беа ослободени 12 израелски заложници, во замена за 30 палетиснки затвореници.
-
Свет 28.11.2023 20:45
Хамас ослободи уште 12 заложници
Хамас ослободил уште 12 заложници, меѓу кои 10 Израелци и двајца странски државјани, кои се на пат кон израелска територија, информираа Израелските одбранбени сили.
-
Свет 28.11.2023 19:28
ЕУ обезбеди 194 милиони евра за обука на украинските војници
Европската унија се согласи да обезбеди дополнителни 194 милиони евра за опрема и обука на украинските војници.
-
Свет 28.11.2023 14:14
Снежно невреме ги погоди Украина, Молдавија и Русија
Жртви и повредени во снежната бура што ја зафати Украина, Русија и Молдавија. 1.500 населби во 17 украински региони останаа без електрична енергија. Спасувачките екипи се на терен откако невремето го погоди регионот на Црно Море.
-
Свет 28.11.2023 13:47
Во неколку општини во Србија сè уште има вонредна состојба, некои села трет ден се без струја
Обилните врнежи снег што падна викендов во делови од Србија им создаде проблеми на жителите во Јужна Србија. Работа имаше и за спасувачите кои од завеан автобус на патот Врање – Крива Феј, кај Соколовац евакуираа граѓани.
-
Свет 28.11.2023 11:52
Северна Кореја тврди дека нејзиниот шпионски сателит направил детални снимки од Белата куќа и Пентагон
Северна Кореја тврди дека нејзиниот неодамна лансиран сателит испратил детални снимки на Белата куќа, Пентагон и американските нуклеарни носачи на авиони, што ги видел лидерот Ким Јонг Ун.
-
Свет 28.11.2023 10:56
Европа зафатена од силна снежна бура
Украина зафатена од снежна бура. Десет лица загинаа меѓу кои и две деца. Силни ветрови и снежни наноси блокираа цели области. Стотици домаќинства се без струја, патиштата блокирани, луѓето заглавени. Најпогодени регионите на Одеса, Харков, Миколаев и Киев.










