Киев успеа да ја врати пловидбата до украинските пристаништа. По завршувањето на договорот, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, Русија ги нападна украинските пристаништа на Црно Море, витална врска со глобалната трговија.
-
Свет 27.11.2023 09:57
-
Свет 27.11.2023 09:47
Последен ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, можно ново продолжување
Последен ден од договорениот четиридневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Се ослободуваат израелски заложници во замена за палестински затвореници.
-
Свет 27.11.2023 09:11
Тројца млади Палестинци застрелани во Америка, еден тешко ранет
Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој во Вермонт застрела и рани тројца студенти, Палестинци.
-
Свет 26.11.2023 14:58
Хамас ослободи втора група заложници во замена за палестински затвореници, прекинот на огнот се одржува
По седум недели, дел од израелските заложници што ги држеше Хамас, се со своите семејства. Ослободените деца, мајки и баби се во добра здравствена состојба. Специјални тимови се грижат за нивното ментално и физичко здравје.
-
Свет 26.11.2023 13:30
Во Газа пристигнува хуманитарна помош
По седумнеделната голгота на цивилното население во Газа, за првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, жителите на енклавата можат да здивнат. Примирјето овозможи и влез на потребната хуманитарна помош.
-
Свет 26.11.2023 09:45
Трет ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, продолжува размената на заложници
Трет ден од примирјето меѓу Израел и Хамас и нова размена на затвореници. Тел Авив потврди дека досега е ослободено 41 лице, жени и деца од рацете на терористичката организација.
-
Свет 25.11.2023 13:46
Во Газа пристигнуваат конвои хуманитарна помош
На вториот ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, нова група ослободени израелски заложници во замена за палестински затвореници. Според договорот, двете страни разменуваат жени и деца. Здравствената состојба на ослободените се оценува како добра.
-
Свет 25.11.2023 13:25
Русија го почна најинтензивниот напад со беспилотни летала врз Украина
Жителите на Киев утрото го минаа во страв и неизвесност. Украинската метропола нападната со над 70 беспилотни летала „Шахад“. Има загинати и ранети цивили. Локалните власти велат ова е најмасовниот руски напад со дронови од почетокот на војната.
-
Свет 25.11.2023 09:33
Втор ден од привременото примирје, продолжува размената на заложници и затвореници
Израел доби список на заложници кои Хамас треба да ги ослободи денеска на вториот ден од примирјето. Вчера Хамас пушти на слобода 24 заложници, во замена за 39 палестински затвореници. Според договорот, двете страни најпрвин разменија жени и деца. Здравствената состојба им се оценува како добра.
-
Свет 24.11.2023 18:48
Хамас одлободи 13 заложници, Израел 39 затвореници
По 49 дена, Хамас ослободи 13 Израелци, 10 Тајланѓани и еден филипински државјанин, со што вкупниот број ослободени заложници се искачи на 24, соопшти катарското МНР.










