Одложен договорот за прекин на огнот што го постигнаа Хамас и Израел. Во последен момент шефот на Националниот совет за безбедност на Израел, Цачи Ханегби изјави за Би-Би-Си дека ослободувањето на заложниците се пролонгира за утре. Преговорите се во тек.
-
Свет 23.11.2023 09:27
-
Свет 22.11.2023 21:33
Експлозија на границата меѓу Канада и САД, две лица загинаа
Преминот „Мостот Виножито“ што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади е затворен од двете страни откако експлодира неидентификувано возило.
Според извештајот, загинале две лица во возилото, а еден службеник на граничната патрола е повреден.
-
Свет 22.11.2023 18:25
Јужна Кореја суспендира дел од воениот договор потпишан со Пјонгјанг во 2018 година
Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018-та и да го врати воздушниот надзор во областа во близина до воената демаркациска линија, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит.
-
Свет 22.11.2023 15:41
Земјотрес од 6,7 степени според Рихтер го погоди архипелагот Вануату во Пацификот
Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска северниот дел на архипелагот Вануату во Пацификот, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), а властите соопштија дека не се очекува тоа да предизвика цунами.
-
Свет 22.11.2023 15:03
Пауза во борбите, надеж за крај на крвопролевањата
Израелската влада и Хамас договорија четиридневна пауза во борбите за ослободување на 50 заложници (жени и деца) кои се држат во Газа, додека од израелските затвори ќе бидат пуштени 150 Палестинци. Меѓу другото, хуманитарната помош ќе може непречено да поминува во сите области на енклавата.
-
Свет 22.11.2023 14:27
Активирана рачна бомба на сточен пазар во Призрен
Десет лица се повредени при експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен. Петмина од повредените се со посериозни повреди и хоспитализирани.
Косовската полиција соопшти дека за инцидентот се осомничени три лица, по кои сè уште се трага. Сè уште нема информации за мотивите.
-
Свет 22.11.2023 14:09
Бурни реакции по лансирање шпионски сателит во вселената
Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018 година и да го врати воздушниот надзор во областа во близина на воената демаркациона линија, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит.
-
Свет 22.11.2023 12:19
Светските лидери го поздравија договорот за четиридневен прекин огнот меѓу Израел и Хамас
Израелската влада и Хамас договорија четиридневна пауза во борбите за ослободување на 50 заложници, жени и деца, кои се држат во Газа, додека од израелските затвори ќе бидат пуштени 150 Палестинци. Меѓу другото, хуманитарната помош ќе може непречено да поминува во сите области на енклавата.
-
Свет 22.11.2023 11:31
Меѓусебните напади со беспилотни летала меѓу Киев и Москва
Продолжуваат меѓусебните напади со беспилотни летала меѓу Киев и Москва. Украинската воздушна одбрана соборила 14 беспилотни летала „Шахед“, за кои велат дека биле лансирани од руските сили.
-
Свет 22.11.2023 11:22
Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит
Јужна Кореја реши да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018 година, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и сојузниците и лансираше шпионски сателит.










