Со минутен молк во знак на жртвите во тековниот конфликт во Појасот Газа, почна Климатскиот самит во Дубаи со делегати од речиси 200 земји.
-
Свет 30.11.2023 14:18
-
Свет 30.11.2023 12:51
Нови напади на Истокот, радијација во Мариупол
Три града во Доњецк на удар на руските ракети. Погодена станбена зграда, најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени.
-
Свет 30.11.2023 12:43
Жртви и повредени во терористички напад во Ерусалим
Тројца убиени и шестмина ранети. Терористички напад во Ерусалим. Двајца напаѓачи отвориле оган на автобуска станица. Полицијата ги ликвидирала.
-
Свет 30.11.2023 08:47
Хенри Кисинџер почина на 100 годишна возраст
Хенри Кисинџер, контроверзниот нобеловец и моќен дипломат почина во средата на 100-годишна возраст, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма Кисинџер Асошиејтс.
-
Свет 30.11.2023 08:31
Блинкен во нова посета на Израел
Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Тел Авив. Ќе се сретне со израелските лидери, во обид за продолжување на привременото примирје и зајакнување на хуманитарната помош во Газа.
-
Свет 29.11.2023 19:35
Предупредување за поплави во Истанбул
Едно лице загина во обилните врнежи што го зафатија Истанбул. Властите издадоа предупредувања за поплави.
Силните ветрови дополнително создадоа проблеми во 16 милионскиот град во кој можеа да се видат урнати столбови, дрвја, па и излизгани автомобили.
-
Свет 29.11.2023 15:16
Израел и Хамас со меѓусебни обвинувања за кршење на тековната хуманитарна пауза
Тел Авив ја повика меѓународната заедница да изврши притисок за итно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас. Израелската влада тврди дека е посветена да обезбеди враќање на сите заробени и исчезнати лица.
-
Свет 29.11.2023 14:40
Состанок на советот НАТО - Украина во Брисел
Министерот за надворешни работи на Украина и земјите членки на НАТО за првпат во Брисел рамноправно се на истата маса во рамките на советот НАТО-Украина. Генералниот секретар Столтенберг изјави дека во војната во Украина досега загинале над 300 илјади руски војници.
-
Свет 29.11.2023 13:24
Кина со предупредување до Тајван
Кина го предупреди кандидатот за претседател на владејачката тајванска партија да не бара независност.
Според Пекинг, таквото барање и соработката со надворешни сили само ќе предизвика тензии и немири низ Тајванскиот теснец.
-
Свет 29.11.2023 13:00
Родителите на убиените деца во „Рибникар“ незадоволни од односот на државата кон злосторството
Родителите на децата убиени во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, денеска се собраа пред училиштето за да го изразат своето незадоволство од начинот на кој државата се однесува кон тоа злосторство, а истовремено потсетија дека не смее да се заборави.










