Убиен е припадник на косовската полиција, а уште еден е ранет изутринава во напад на непознати и маскирани лица во селото Лепосавиќ, во северно Косово.
Косовскиот премиер Курти го обвини Белград. Убиениот е полицаец со чин наредник, а повредениот е припадник на граничната полиција.










