Хаосот на улиците во Израел и натаму владее откако полицијата со водени топови успеа делумно да ги растера демонстрантите кои останаа и по полноќ да протестираат по усвојувањето на спорниот закон за реформи во судството предложен од премиерот Нетанјаху.
-
Свет 25.07.2023 09:13
-
Свет 24.07.2023 19:06
Израелскиот Парламент го усвои клучниот закон за спорните реформи во судскиот систем
Кнесетот во Израел одобри клучен дел од планот на премиерот Нетанјаху за преобликување на правосудниот систем и покрај неколкумесечните масовните протести.
Гласањето следеше по бурната седница и демонстрации пред Парламентот.
-
Свет 24.07.2023 17:41
Не стивнуваат пожарите во Грција, предупредувања се издадени за пет региони
Не стивнуваат пожарите во Грција. Предупредувања се издадени за пет региони. Досега се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе.
-
Свет 24.07.2023 13:59
Москва нападната со украински дронови
Напад со беспилотни летала врз Москва. Оштетени згради. Според руската војска, еден од дроновите бил откриен над центарот, а другиот над јужниот дел од градот. Леталата биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана.
-
Свет 24.07.2023 12:53
Потона преполн траект во близина на Индонезија
Преполн траект потона кај индонезискиот остров Сулавези.
-
Свет 24.07.2023 12:50
10 лица загинаа по уривањето на покрив на средно училиште во Кина
Над 10 лица загинаа при пад на покрив од средно училиште во североисточна Кина. 15 луѓе се заробени под урнатините на објектот, спасувачките екипи остануваат на терен.
-
Свет 24.07.2023 11:33
Противпожарните екипи во Грција се борат со 82 пожари низ целата земја
Противпожарните екипи во Грција се борат со 82 пожари низ целата земја, од кои 64 почнаа вчера, денот кој беше проценет како најтоплиот годинава. Евакуации се спроведуваат на североисточната страна на островот Крф и во северен Пелопонез. Во спасувачките акции се вклучени и приватни пловила.
-
Свет 24.07.2023 09:27
Земјотрес го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.
Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри југозападно од Аркалохори.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 8,4 километри.
-
Свет 24.07.2023 09:16
Загинаа сите патници во хеликоптерот што се урна во Алјаска
Загинаа сите четворица патници на хеликоптерот кој се урна во езеро на Алјаска минатиот четврток – потврдија американскиот оддел за транспорт.
-
Свет 24.07.2023 09:14
Протести против судските реформи во Израел
Демонстрантите во Ерусалим кампуваа во парк до израелскиот парламент. Наскоро се очекува гласањето во Кнесетот за законот за судски реформи.
Многумина од демонстрантите учествуваа на четиридневниот марш од Тел Авив. Премиерот Нетанјаху е веќе пуштен од болница по операцијата на срцето.










