Контролорот на швајцарскиот финансиски пазар издаде соопштение заедно со Националната банка во кое се вели дека банката „Кредит Свис“ е сè уште ликвидна.
-
Свет 15.03.2023 22:19
-
Свет 15.03.2023 20:37
Штрајк на наставниците, возачите на метрото и лекарите во Велика Британија
Илјадници возачи на лондонското метро, наставници, лекари и државни службеници денеска штрајкуваат во Велика Британија, барајќи повисоки плати.
Штрајкот е организиран на денот кога конзервативната влада го објавува годишниот буџет.
-
Свет 15.03.2023 19:11
Вучиќ: Отворен и фер разговор со Ескобар
Имавме отворен и фер разговор, изјави српскиот претседател Вучиќ по средбата во Белград со американскиот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.
-
Свет 15.03.2023 14:35
Остар пад на акциите на европските банки
Акциите на европските банки со остар пад. Најниско ниво има „кредит суис“ (credit suisse) поради загриженоста на инвеститорите по ненадејниот колапс на банката од Силициумската долина.
-
Свет 15.03.2023 13:29
Засилени полициски патроли во Виена, можен исламистички напад
Засилени полициски патроли во Виена, особено околу црквите, откако внатрешното разузнавање доби информации кои укажуваат на можен исламистички напад.
Полицијата нагласи дека ќе издаде итно предупредување доколку заканата се намали на одредена локација.
-
Свет 15.03.2023 13:27
Штрајк на новинарите во Грција, земјата без вести и информативни емисии
Новинарите во Грција почнаа 24-часовен штрајк во рамките на протестите по смртоносната железничка несреќа. Денеска не се емитуваат вести и информативни емисии.
-
Свет 15.03.2023 12:54
Нова драма на небото, пресретнат руски авион во близина на Естонија
Нова драма на небото. Два воени ловци „Тајфун“ на германските и на британските воздухопловни сили, во рамките на заедничката патролна контрола, пресретнаа руски авион во близина до воздушниот простор на Естонија.
-
Свет 15.03.2023 12:45
Невреме, поплави и снежни бури на неколку страни од светот
По разурнувачките земјотреси, следуваа поројни дождови во југоисточна Турција. Поплавени се шаторите на луѓето кои останаа без покрив над главата. Во тек е евакуација на населението. Спасувачките екипи повторно на терен. Критично е во градот Санлиурфа.
-
Свет 15.03.2023 09:49
Асад во посета на Москва
Сирискиот претседател Башар ал Асад во посета на Москва. Агендата на големата делегација која вклучува многу сириски министри опфаќа средба со рускиот лидер Путин.
-
Свет 15.03.2023 09:38
Циклонот „Фреди“ однесе над 190 човечки животи во Малави
Циклонот „Фреди“ усмрти речиси 200 лица во Малави. Поплавите и поројните дождови ги оштетија патиштата и мостовите, отежнувајќи ги спасувачките операции.
Стотици се повредени, а десетици се водат како исчезнати. Регистрирани се и свлечишта.










