Бахмут останува во центарот на вниманието на украинската војна. Групата Вагнер, тврди дека руските сили целосно го опколиле овој град и бара Киев да ги повлече трупите.
-
Свет 04.03.2023 09:29
-
Свет 03.03.2023 17:59
Антивладини протести во Тирана
Илјадници приврзаници на албанската опозиција повторно протестираа во Тирана, бараат оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрантите се собраа пред главната зграда на Владата.
-
Свет 03.03.2023 14:25
Руските сили го кренаа во воздух клучниот мост кон Бахмут, тврди Украина
Украинските власти тврдат дека руските сили го кренале во воздух клучниот мост кон Бахмут. Шефот на озлогласената формација „Вагнер“, вели дека неговите сили го опколиле градот и го повика украинскиот претседател да нареди повлекување на украинските сили од Доњецк.
-
Свет 03.03.2023 13:30
Експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица
Пет лица се повредени, еден загинал во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица. Информацијата ја потврди и црногорската полиција.
Според полицијата, 39-годишно лице од Подгорица загинало откако ја активирал експлозивната направа.
-
Свет 03.03.2023 12:18
Пожар зафати облакодер на градилиште во Хонконг
Голем пожар зафати облакодер на градилиште во популарна шопинг област во Хонконг. Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населена област. Повеќе катови од конструкцијата беа во пламен.
-
Свет 03.03.2023 12:12
Шефот на станицата во Грција завршил тримесечен курс, гневот кај Грците расте
По кобната железничка несреќа во Грција расте бесот на Грците. Илјадници лица излегоа на протест во Солун и во Атина. Се протестираше пред седиштето на националниот оператор Хеленик возови во Атина. Во Солун протестите прераснаа во насилство откако демонстранти фрлаа камења и петрол-бомби.
-
Свет 03.03.2023 11:48
Во Франција зголемување на цените на прехрамбените производи
Претседателот Макрон на оваа тема свика состанок на Владата, откако претходно ја повика дистрибуцијата-супермаркетите да направат напори околу зголемувањето на цените.
-
Свет 03.03.2023 10:22
Стотици милиони тони урнатини по земјотресот во Турција
Турција по земјотресот се соочува со застрашувачка задача за отстранување на стотици милиони тони урнатини. Некои од нив се сметаат за опасни поради азбест.
Најмалку 156.000 згради или целосно урнати или оштетени до точка каде што е неопходно нивно уривање.
-
Свет 03.03.2023 10:21
Блинкен: Русија мора да биде казнета за војната
На Русија не смее да ѝ се дозволи да води војна неказнето, изјави американскиот државен секретар Блинкен по средбата со неговите колеги од Индија, Јапонија и Австралија во Њу Делхи.
-
Свет 03.03.2023 10:21
Ситуацијата во Бахмут критична
Во Бахмут, Украина продолжуваат интензивните борби. Покрај Бахмут, кој со месеци е епицентарот на битката на истокот, украинската војска се соочила со најмалку 85 напади на руските сили во правец Лиман, Авдијевка и Шахтарск во Доњецк и во Купјанск.










