• Свет 19.02.2023 12:23

    Вашингтон и Сеул со координирана воздушна вежба

    Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави одржаа комбинирана воздушна вежба во која учествуваше американски стратешки бомбардер како одговор на севернокорејското лансирање на интерконтинентална балистичка ракета еден ден претходно, соопшти јужнокорејската војска.

  • Свет 19.02.2023 12:19

    Гранатирано село во регионот Харков

    Руското Министерство за одбрана тврди дека нивните сили го зазеле Хрекивка, село во источниот украински регион Харков. На брифингот на украинскиот Генералштаб доцна синоќа беше кажано дека Русите го гранатираат селото, но немаше информации за негово заземање.

  • Свет 19.02.2023 12:12

    Израел истрела проектил кон Сирија

    Израелски проектил погоди зграда во централен кварт на Дамаск, во близина на голем разузнавачки комплекс и седиштето на иранските организации, при што загинаа 15 лица. Оштетени се неколку згради во густонаселен дел од градот, недалеку од плоштадот Омајад.

  • Свет 19.02.2023 10:43

    Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот турски регион

    Тлото во Турција не престанува да се тресе. Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот турски регион, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Во погодените подрачја бројот на жртвите од разорниот потрес на 6-ти февруари се искачи на над 46.000 луѓе.

  • Свет 18.02.2023 15:46

    Сирени за воздушни напади низ цела Украина

    Предупредувања за руски воздушни напади на територијата на цела Укрина. Сирените се огласија во сите региони со исклучок на Харков, Суми и Полтава. Битките продолжуваат. Украинскиот претседател Зеленски од 59-та Минхенска конференција нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“.

  • Свет 18.02.2023 15:10

    Пјонгјанг истрела балистичка ракета

    Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето во близина на источниот брег, соопшти воената команда на Јужна Кореја. Се работи за проектил со долг дострел истрелан од локација недалеку од Пјонгјанг.

  • Свет 18.02.2023 14:56

    Бурата „ОТО“ го запре сообраќајот во Скандинавија

    Бурата ОТО предизвика хаос на Скандинавија. Во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.

  • Свет 18.02.2023 14:36

    Продолжува потрагата по преживеани во земјотресите

    Расте бројот на загинати по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Иако повеќето меѓународни спасувачки тимови ја напуштија погодената зона, домашните тимови продолжуваат со потрагата по преживеани.

  • Свет 18.02.2023 11:42

    На фронтот во Украина битките продолжуваат, Зеленски бара забрзана поддршка

    Руската платеничка група „Вагнер“ претрпе повеќе од 30.000 жртви од почетокот на руската инвазија на Украина, при што околу 9.000 нејзини членови загинаа во борбите, соопшти Белата куќа. На фронтот битките продолжуваат.

  • Свет 18.02.2023 10:58

    Над 45.000 жртви во Турција и Сирија

    Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 45.000. Уништени се над 264.000 станови. Единаесет дена по земјотресот, тројца преживеани вчера беа извлечени под урнатините.

Pages