Експлозија во метро-станица во Токио. Повредена е една жена. Предизвикана е и материјална штета.
Во тек истрага за причините за несреќата на станицата Нишиајари.
Експлозија во метро-станица во Токио. Повредена е една жена. Предизвикана е и материјална штета.
Во тек истрага за причините за несреќата на станицата Нишиајари.
Од денеска полиција во училиштата и предавање на илегалното оружје. Србија почна да ги спроведува заострените мерки кои ги најави претседателот Вучиќ по двете масовни убиства во Белград и Младеновац. Отсега е задолжително полициското присуство во сите училишта до крајот на наставата.
Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, инсистира на стабилизација на односите со Вашингтон за да се избегнат инциденти меѓу двете земји.
Нов инцидент во Тексас. Седум лица загинаа откако автомобил удри во група луѓе на автобуска постојка крај засолниште за бездомници и мигранти во Браунсвил, во близина на границата со Мексико.
Триесетина рудари загинаа во пожар, во рудник за злато во Перу. Властите немаат комуникација со рудникот и очекуваат поголем број на жртви.
Пожарот најверојатно избувнал по краток електричен спој.
Продолжуваат борбите за Бахмут. Напади регистрирани и врз Киев и други делови од Украина. Има повредени. Според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црно Море.
Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка. Одлуката следува неколку дена по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, во која 13-годишниот ученик со иницијали К.К. уби девет луѓе, меѓу кои осум ученици и чувар.
Министерот за образование Бранко Ружиќ денеска и поднел неотповиклива оставка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
Во Србија е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Граѓаните ширум Србија во тишина им оддаваат почит на жртвите од двете масовните убиства. Во Дубона денеска ќе бидат погребани три жртви.
Вооружено лице застрела осуммина и повреди уште неколку лица, од кои дел се во критична состојба, во трговски центар во Далас. Полицијата го усмрти напаѓачот. Според очевидци, меѓу жртвите имало и деца. При нападот бил пронајден член на обезбедувањето во несвесна состојба.