„Агресијата, инвазијата и анектирањето територии од соседот се противзаконски“, порача претседателот на 77. сесија на Генералното собрание на ОН, Чаба Короши. Вонредната специјална седница посветена на Украина се одржува околу годишнината од руската инвазија.
-
Свет 23.02.2023 11:53
-
Свет 23.02.2023 11:23
Израел изврши ракетни напади врз Појасот Газа
Израелските сили извеле напади врз Појасот Газа, откако беа истрелани ракети од областа, еден ден по рацијата во градот Наблус, во која во судирите загинаа 11 палестинци, а повеќе од 100 беа ранети.
-
Свет 23.02.2023 09:58
Пукање во Флорида има и жртви
Вооружен маж отвори оган врз двајца репортери кои известуваа од местото на друго убиство во Орландо, Флорида, притоа убивајќи еден, а ранил друг.
-
Свет 23.02.2023 09:52
Русија: Украина планира да ја нападне Транснистрија
Руското Министерство за одбрана, ја обвини Украина дека планира да изврши инвазија на отцепениот проруски регион во Молдавија, Транснистрија. Руската новинска агенција РИА, јави дека Украина планира да организира напад од наводни руски сили од Транснистрија како изговор за инвазијата.
-
Свет 23.02.2023 09:41
Снежна бура во САД, температури до -45 степени
Околу 75 милиони луѓе во 29 држави, се под предупредување за зимско време, додека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.
Фирми и училишта се затворени во Дакота, Минесота и Висконсин, а околу 5.000 летови се откажани.
-
Свет 23.02.2023 08:35
Силен земјотрес го погоди Таџикистан
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан.
Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.
-
Свет 22.02.2023 11:44
Русија го отповика указот за поддршка на суверенитетот на Молдавија
Претседателот Владимир Путин го отповика указот од 2012 година со кој делумно се поддржува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје – сепаратистичкиот регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи.
-
Свет 22.02.2023 11:36
Каналите во Венеција се речиси пресушени
Ниското ниво на морето придружено со антициклон со зголемен атмосферски притисок, е виновно за пресушување на некои канали во Венеција.
-
Свет 22.02.2023 11:32
Во катастрофалните земјотреси 1,5 милиони луѓе во Турција се бездомници
1,5 милиони луѓе во Турција се бездомници по катастрофата од земјотресот, предупредуваат од ООН. Во северозападна Сирија пак, 227 камиони со основни медицински средства, пристигнале преку двата отворени гранични премина.
-
Свет 22.02.2023 11:26
Кина со остра критика за посетата на американскиот функционер во Тајван
Кина со остра критика за посетата на Тајван, од страна на висок американски функционер на Пентагон. Од Министерството за одбрана велат, напорите за зајакнување на независноста на островот со странска помош се осудени на неуспех.










