• Свет 16.02.2023 10:09

    Нови земјотреси ја погодија Романија

    Романија повторно погодена од серија земјотреси. Најсилниот беше 4,3 степени според Рихтер. Земјотресот се случил еден час по полноќ по локално време на југозападот на земјата, на 72 километра од градот Дробета-Турну Северин.

  • Свет 16.02.2023 10:08

    Блинкен во посета на Германија, Турција и Грција

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја почнува посетата на Германија, Турција и Грција која ќе трае до 22-ри февруари. Тој ќе учествува на безбедносната конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија.

  • Свет 16.02.2023 09:18

    Пукање во трговски центар во Ел Пасо во Тексас има жртви

    Едно лице загина, а тројца се повредени во пукотница, во трговски центар во градот Ел Пасо. Двајца осомничени се приведени, а властите велат дека повеќе нема опасност за јавноста, двајца од повредените наводно се во критична состојба.

  • Свет 16.02.2023 09:14

    Мајка и две деца извлечени од урнатините после 228 часа

    Десет дена по разорните земјотреси што погодија делови од Турција и Сирија. Шансите за пронаоѓање преживеани во урнатините секој ден е сè помали но спасувачките напори продолжуваат.

  • Свет 15.02.2023 21:01

    Соборени руски балони над Киев

    Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина.

  • Свет 15.02.2023 18:27

    Силен земјотрес во Нов Зеланд

    Земјотрес од 6,1 степен по Рихтер го погоди Нов Зеланд. Епицентарот бил 80 километри од главниот град Велингтон. Нема информации за значителни штети.

  • Свет 15.02.2023 17:48

    ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија

    ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија кои го опфаќаат банкарскиот сектор, напредните технологии, како и речиси 100 поединци и субјекти. Цел на санкциите ќе бидат и седум ирански организации поради набавката на беспилотни летала што се користат во руските напади врз Украина.

  • Свет 15.02.2023 16:05

    Премиерката на Шкотска поднесе оставка

    Шкотската премиерка Никола Старџен се повлекува од премиерската и од шефовската позиција во Шкотската национална партија.

  • Свет 15.02.2023 16:04

    Американски летала над Кина, Пекинг се закани со противмерки

    Американски балони за надзор, на големи височини прелетале над кинеските провинции Ксинџијанг и Тибет. Од Пекинг се заканија дека ќе преземат мерки против американските ентитети кои го загрозуваат кинескиот суверенитет.

  • Свет 15.02.2023 16:03

    Продолжуваат битките на истокот на Украина

    Жестоки битки на истокот на Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците се повлекле пред руските напади во регионот на Луганск.

Pages