Големите откупни компании почнаа со откупот на тутунот. Од денеска тутунот се откупува во „Алијанса“ од Kавадарци и „Струмица табак“, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и „Сокотаб“ од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
-
Економија 09.12.2015 12:25
-
Економија 09.12.2015 10:46
„Чех Ерлајнс“ се враќа во Македонија
Авио компанијата „Чех Ерлајнс“ повторно ќе лета од аеродромот „Александар Велики“. Како што велат од „ТАВ Македонија“, соработката се обновува по прекинот од неколку години поради преструктуирањето на чешкиот авиопревозник.
-
Економија 09.12.2015 10:36
Американска компанија ќе гради инженерски центар во Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е во работна посета на САД, при што ќе оствари голем број директни средби со високи претставници на десетина компании, потенцијални инвеститори, на кои ќе им ги претстави можностите што ги нуди земјава за инвестирање.
-
Економија 09.12.2015 08:49
Советот на странски инвеститори ќе ги презентира економските резултати
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија.
-
Економија 08.12.2015 16:25
Компании од Сингапур заинтересирани за инвестиции во Македонија
Македонија ги претстави инвестициските потенцијали пред сингапурската бизнис-заедница.
-
Економија 08.12.2015 16:18
Навремено раздолжување: Исплатени 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005-та
Министерството за финансии исплати 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005- тата година. Досега со главнината исплатени се 219 милиони евра. Еврообврзница е издадена пред десет години со каматна стапка од 4,625 проценти.
-
Економија 08.12.2015 10:45
Исплатени 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005
Исплатени се 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005 година, информираат од Министерството за финансии.
По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра.
-
Економија 07.12.2015 16:43
Кап-Кон отвори фабрика во Бунарџик
По Џонсон Мети, Технохозе, Кемет, Ван Хул, во Бунарџик стартува со работа фабриката на американски Кап-Кон, инвестиција вредна 18 милиони долари која ќе отвори 400 работни места. Отворањето на фабриката е резултат на владиното роуд шоу.
-
Економија 07.12.2015 16:03
Можностите за инвестирање во Македонија пред сингапурските бизнисмени
Во соработка со Сингапурската бизнис федерација министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски утре ќе ги презентира можностите за инвестирање во Македонија пред 40-тина водечки компании од Сингапур.
-
Економија 07.12.2015 14:47
Кап-Кон отвори фабрика во Бунарџик, нови 400 вработувања
Нова американска инвестиција во технолошко индустриската развојна зона Бунарџик кај Скопје. Отворена е фабриката на Кап-Кон, која се придружи на Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Ван-Хул. Со инвестицијата од 18 милиони долари ќе бидат отворени нови 400 работни места.










